Со сопругата Офелија минатата година прославија 25 години брак.

Објавил: admin@magazin | 2 јануари, 2021 0:58

ЏОРЛЕВ ОСТАВИ СОПРУГА И ДВА СИНА: Офелија е извор на мојата енергија и среќа, велеше маестралниот Зоран!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

На првиот ден од 2021 година, почина познатиот виолинист Зоран Џорлев. Тој беше еден од најдобрите македонски вионилисти, беше вокален изведувач и професор.

Маестралниот Зоран Џорлев работеше како професор по виолина, а беше и директор на ДМБУЦ Илија Николовски-Луј во Скопје.

Зоран Џорлев беше наш познат виолинист, вокален изведувач и професор. Родум од Струмица, низ годините, музичарот со неверојатно вештите раце, полека но сигурно прерасна во симбол на квалитетната современа македонска музика.

Минатата година за порталот Струмица денес, тој зборуваше за неговото детсво, семејство и колку е вљубен во музиката и виолината!

Со сопругата Офелија минатата година прославија 25 години брак.

На прашањето која беше тајната на успешниот брачен однос тој одговори:

Зоран Џорлев: Мојата сопруга, Офелија, да не звучи претерано, е извор на мојата енергија и среќа.

Едноставна жена на која упорноста, работливоста, но и скромноста и се карактерна особина.

Прекрасна мајка на моите две деца. Таа и децата, ја чинат смислата на мојот живот. Нашиот брак се темели на искреност, истрајност, разговор, верност, меѓусебно разбирање и многу љубов.

Од самиот почеток па се до ден денешен, среќата ја градиме на убавите моменти.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од InMemoriam