Нашата мрежа од над 30 лиценцирани психолози се понуди да овозможи бесплатно советување и психолошка поддршка на сите девојки чија доверба била злоупотребена од членовите на групата “Јавна Соба” – велат психолозите за иницијативата.

Објавил: Перо Милчин | 28 јануари, 2021 14:54

30 лиценцирани психолози понудија бесплатна помош за жртвите од „Јавна соба“

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Онлајн платформа за анонимно советување со лиценцирани психолози „Разговори.мк“, им понуди бесплатна стручна помош на жртвите од интернет групата „Јавна соба“ на платформата „Телеграм“.

Нашата мрежа од над 30 лиценцирани психолози се понуди да овозможи бесплатно советување и психолошка поддршка на сите девојки чија доверба била злоупотребена од членовите на групата “Јавна Соба” – велат психолозите за иницијативата.

Две лица, едно во Битола и едно во Велес се приведени во врска со случајот Јавна соба, а се преземаат мерки и активности и кон други лица.

Работиме во координација со јавното обвинителство со цел целосно расчистување на случајот и содветно санкционирање на сторителите, изјави министерот Спасовски!

Во групата која беше откриена пред два дена, повеќе од 5.000 членови, повторно коментираа и споделуваат повеќе или помалку експлицитни фотографии, профили од социјални мрежи, адреси и телефонски броеви од девојки, меѓу кои и малолетнички.

МВР повока сите жртви од Јавна соба да пријават.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести