Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел справување со ковид-19.

Објавил: Мирко Бачиќ | 8 декември, 2020 14:06

480 санкции за неносење маска

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Во текот на изминатото деноноќие (07/08.12.2020 година) на територијата на Република Македонија, по однос на мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 480 прекршоци.

Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел справување со ковид-19.

Исто така Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (07.12.) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

Само на територијата на град Скопје изречени се вкупно 221 мерки, меѓу кои 28 за возење без возачка дозвола, 20 за нерегистрирани возила, 9 санкции за минување на затворен семафор (црвено светло), 17 мерки за користење на мобилен телефон при управување на возило, 10 за некористење сигурносен појас. Изречени се и 45 мерки за непрописно паркирање, 32 возила се подигнати со „пајак“, 21 санкција за неносење на заштитна маска.

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот.  

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести