Понатаму, притисокот од санкциите нема да ја намали нашата решеност цврсто да ги браниме руските интереси“, се вели во соопштението!

Објавил: Мате Парлоф | 24 февруари, 2022 6:02

Русија спрема болни повратни санкции за Европа: ПУТИН одлучен

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Руското Министерство за надворешни работи објави одговор на санкциите што вчера ги објави американскиот претседател Џо Баден. Тие велат дека одговорот ќе биде „добро дотеран и болен“.

Во соопштението на руското Министерство се наведува дека американските санкции се „дел од напорите на Вашингтон да ја одврати Русија од зацртаниот курс“ и за интересите на својата земја да бидат исполнети!

„Русија докажа дека, и покрај сите санкции, може да ја минимизира штетата”!

Понатаму, притисокот од санкциите нема да ја намали нашата решеност цврсто да ги браниме руските интереси“, се вели во соопштението.

„Ние сме отворени за дипломатија заснована на принципите на меѓусебно почитување, еднаквост и разгледување на интересите на двете земји. Но, нема сомнеж дека санкциите ќе добијат силен повратен одговор, не нужно симетричен, но фино наместен и болен за Американската страна“, се вели во соопштението.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.