Полицајците одговорија со солзавец, шок бомби и водени топови на анархистите во синоќешните протести

Објавил: admin@magazin | 8 декември, 2018 19:54

66 приведени при судири меѓу полицијата и анархисти во Атина

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Повредени три лица, 66 приведени, од кои 13 уапсени, најмалку три опожарени автомобили, шок бомби и солзавец, употреба на водени топови и голема материјална штета е од судирите што траеја до доцна во ноќта меѓу групи анархисти и полицијата во атинската населба Егзархија.

Пред 10 години беше убиен 15-годишниот Алексис Григоропулос , јави дописничката на МИА од Атина.

Судирите траеја траеја повеќе од три часа, со повреди се здобија двајца полицајци и еден цивил и сите беа пренесени во болница.

Дишењето беше отежнато поради големото количество на солзавец во воздухот, а полицијата на неколку пати интервенираше и побара од новинарските екипи, од безбедносни причини да се оддалечат од деловите каде што во тек беа инцидентите.

Пред да започнат нередите, маскираните лица, веројатно анархисти, на неколку места во атинската населба Егзархија, поставија барикади , меѓу кои и контејнери, сообраќајни знаци и делови од метални конструкции, со цел да го спречат пристапот на полицијата.

Следеа и нападите на анархистите врз полицијата со пиротехнички материјали, на што полицајците одговорија со солзавец, шок бомби и со водени топови.

За состојбата да не излезе од контрола, полицијата ги искористи двете возила со водени топови – едното за да ја урне барикадаta, а второто за да ги растера маскираните лица, но и за да го изгасне огнот предизвикан од молотовите коктели, но и од потпалувањата.

Претходно, во попладневните часови, во сеќавање на убиеното момче се одржа мирен протестен марш во центарот на Атина до грчкиот Парламент.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести