Судскиот совет работи нетранспарентно, судиите се избираат без почитување на ранг-листите и незаконски беше разрешена експретседателката Весна Дамева.

Со овие зборови судијката Мирјана Радевска-Стефкова ја образложи оставката на денешната седница, на која покрај нејзината, советот ја констатираше и оставката на судијата Зоран Герасимовски, кој рече идеолошките поделби со дел од членовите на советот се една од причините за оставката.

По прифаќањето на на оставките, советот формираше комисија за избор на нови членови на која за претседател го избра членот Ханиф Зендели. Токму Ханиф Зендели пак, на предлог на членот Ивица Николовски денеска беше избран за нов потпретседател, откако неговиот претходник Селим Адеми си поднесе оставка по контроверзното разрешување на Дамева. Со девет гласа за и еден против на чело на советот застануваат двајца судии, а новоизбраниот Зендели рече дека советот и во иднина треба да работи како поддршка за сите судии.

Оставките на Герасимовски и Радевска-Стефкова доаѓаат по во време кога холандскиот амбасадор во земјава го нарече советот нелигитимно тело, а претседателот Пендаровски изјави дека советот со овој состав се посрамотил во јавноста.

Советот изминатите месеци постојано е мета на скандали, па по контроверзното разрешување на Дамева следуваа бројни превирања, а неодамна и двајца членови на советот пријавија дека некој им претурал по работите во канцеларијата, инцидент за кој истрагата и натаму е во тек.

Ханиф Зендели избран за нов заменик претседател во Судскиот совет

Судскиот совет работи нетранспарентно, судиите се избираат без почитување на ранг-листите и незаконски беше разрешена експретседателката...

Мате Парлоф / 8 јуни, 2023 17:54

Според обвинението, Зеќири, како службено лице генерален секретар на Владата, со умисла извршил две временски поврзани дејствија што претставуваат повеќекратно остварување на исто дело.

Мухамед Зеќири не се чувствува виновен, Обвинителството тврди дека ќе го докаже товарот

Поранешниот секретар на Владата, Мухамед Зеќири, во Основниот кривичен суд Скопје денеска изјави дека не се чувствува виновен...

Мате Парлоф / 15 декември, 2022 10:57

Вториот обвинет Т.М. со спогодбата признава дека сторил сторил кривично дело – Злосторничко здружување од член 394 став 1 и кривично дело – Перење пари и други приноси од казниво дело – од член 273 став 1 во врска со член 45 од Кривичниот законик.

Обвинителството со детален список што сè му одзема на Сашо Мијалков

Основниот кривичен суд – Скопје ги одобри спогобите постигнати помеѓу јавниот обвинител Лиле Стефанова од Основното јавно...

Перо Милчин / 9 јули, 2022 7:59

– Расправата се презакажува по барање на надлежниот Јавен обвинител и еден од бранителите во постапката поради службени обврски, па заради економичност на постапката странките се веќе известени за новите термини, се вели во соопштението од Основен кривичен суд Скопје.

Судењето за „Титаник 1″ одложено за 9 мај

Главната расправа за предметот со КОК бр.28/22 од обвинителството означен како „Титаник 1″ насрочена за денеска од 12:00 часот...

Мате Парлоф / 15 април, 2022 10:10

Во повторената постапка за поранешниот вд претседател на штипска Апелација, Мицевски, Советот утврдил дека тој донел решение со кое не го изземал судијата од предметот

Судскиот совет разреши петмина судии

Поранешниот вд претседател на скопскиот Кривичен суд и врховен судија Стојанче Рибарев, како и поранешните судии на штипска...

Рејхан Бајрами / 7:01

Рашковски пак тврди дека обвинителството крие докази. Се изјасни за невин и од судот побара на лице место да биде утврдено дали двата софтвери работат.

РАШКОВСКИ: АПСОЛУТНО НЕ СУМ ВИНОВЕН, БАРАТЕ ЦРНА МАЧКА ВО ТЕМНА ПРОСТОРИЈА

По две одложувања денеска во Кривичниот суд Скопје започна судењето на поранешниот генерален секретар на Владата, Драги...

Рејхан Бајрами / 14 март, 2022 18:38

Панчевски сам се пријави на издржување затворска казна на почетокот од февруари.

Панчевски по само 13 дена во затвор, излегува на слобода

По тринаесет дена издржување на затворската казна, поранешниот судија и претседател на Кривичен суд, Владимир Панчевски,...

Васко Белески / 17 февруари, 2022 9:35