"The Discoverer" како интернационален туристички портал, направи патеписни репортажи од топ 5 туристички дестинации кои треба да ги одбегнете и понуди топ 5 како замена

Објавил: Мирко Бачиќ | 10 септември, 2018 15:10

The Discoverer: Избегнувајте го Дубровник, посетете го Охрид!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

“Избегнувајте го Дубровник, посетете го Охрид” е насловот на статијата што ја објави електронското издание на српски „Дневник“, пренесувајќи ја анализата на интернационалниот туристички портал “The Discoverer”.

“The Discoverer” креирал листа на пет популарни дестинации што треба да се избегнуваат поради метежот и негативниот став кон туристите. Притоа препорачал и алтернативни места за посета.

Според “The Discoverer” наместо во Дубровник, туристите треба да одат во Охрид.

Наместо да се обидувате да биде среќникот што ќе добие билет за разгледување на дубровничките локации, посетете го прекрасниот град Охрид во блиската Македонија. Изобилува со шарм, од ресторани на езеро до древни цркви и манастири кои како да се наоѓаат на секој агол. Сместен на најстарото езеро во Европа, градот има богата историја која ќе ве воодушеви, посебно зашто можете да учќивате без метеж, наведува патеписецот на “The Discoverer” Џулија Хамонд.

Според неа, посетата на старото историско јадро на Дубровник е врвно доживување на кој било одмор, но метежот во тесните улички и премини не придонесува за квалитетот на тоа искуство. Пренатрупаноста ја дополнуваат крузерите кои истоваруваат голем број патници и го зголемуваат бројот на луѓе во градот на неколку часа, а кога на тоа ќе се надоврзе и фактот дека Дубровник е се по познат и по смешно популарната серија „Играта на престоли“, настанува проблем од епски размери.

На прво место на негативната листа на”The Discoverer” е Барселона на чие место се препорачува посета на Екстремадура. Втора е Маја Беј на Тајланду која треба да се замени со Кох Муку. Следува Галапагос за кој како алтернатива е понудена Исла Магдалена во Чиле, додека на крај се сугерира избегнување на Мачу Пикчу во Перу и посета на древниот локалитет во близина Морај.

анализата на интернационалниот туристички портал “The Discoverer”

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести