Во попладневните часови ќе има услови за локален краткотраен дожд и ретки грмежи. Максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 27 до 33 степени.

Објавил: Владо Марин | 17 септември, 2020 7:59

Времето денеска: На пладне ќе има услови за локален краткотраен дожд и ретки грмежи!

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Денес времето во нашата држава ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер претежно од североисточен правец.

Во попладневните часови ќе има услови за локален краткотраен дожд и ретки грмежи. Максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 27 до 33 степени.

Во Скопје и околината времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност и со слаб ветер од североисточен правец!

Максималната дневна температура ќе се искачи до околу 31 степен. Потоа во следните денови ќе продолжи стабилното, суво и сончево време со мала локална облачност.

Повеќе облачност ќе има во петок и сабота, во петок ќе дува и умерен до засилен ветер од северен и од североисточен правец.

Минималните температури понатаму ќе бидат пониски и ќе се спуштаат во интервалот од 7 до 15 степени, во Беровскиот регион истите се очекува да бидат малку пониски. Максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 23 до 30 степени.

Подготви: Славчо Попоски

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Време

Главната причина за кавгата меѓу актуелниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и неговиот претходник Никола Груевски е во личните суети, а не во политичките разлики поврзани со уставните измени, смета првиот лидер на партијата и експремиер Љубчо Георгиевски.

Георгиевски: Груевски претходно ги сруши измените на КЗ што сега му се потребни и за кои плаче

Прашан во интервју за емисијата „Трилинг“ дали владејачката гарнитура е подготвена...