Во Скопје и околината времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од југоисточен правец.

Објавил: Владо Марин | 16 септември, 2020 9:23

Времето денеска: Топло со мала до умерена локална облачност

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Денес времето во нашата држава ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од источен и од југоисточен правец. Македималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 27 до 33 степени.

Во Скопје и околината времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од југоисточен правец.
 
Максималната дневна температура ќе се искачи до околу 30 степени.
Потоа повеќе облачност ќе има утре и во петок кога ќе има услови за локален краткотраен дожд и ретки грмежи, особено утре попладне и во петок. Максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 24 до 31 степен.
Во петок ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец и истиот за време на викендот ќе услови пад на температурите на воздухот.
Максималните дневни температури за време на викендот ќе се искачуваат во интервалот од 22 до 29 степени, додека минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од 7 до 15 степени.
 
Во Беровскиот регион минималната температура на воздухот се очекува да се спушти до околу 4 степени.
 
Подготви: Славчо Попоски

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Време

Главната причина за кавгата меѓу актуелниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и неговиот претходник Никола Груевски е во личните суети, а не во политичките разлики поврзани со уставните измени, смета првиот лидер на партијата и експремиер Љубчо Георгиевски.

Георгиевски: Груевски претходно ги сруши измените на КЗ што сега му се потребни и за кои плаче

Прашан во интервју за емисијата „Трилинг“ дали владејачката гарнитура е подготвена...