Оставки и одговорност нема

Објавил: admin@magazin | 15 април, 2019 9:19

Ако не „името“, морбилите и смртните случаи ќе ѝ пресудат на актуелната власт

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Мртвороденче, 30 мртви од „морбили“ , бремени жени се тресат во исчекување, незадоволни родители, неуспех да и се стави крај на епидемијата на малите сипаници во повеќе македонски градови – ова е актуелната слика во Македонија, со која власта очигледно лошо се справува.

Додека граѓаните се во паника и недоумица, кај нас, во полн ек е кампањата за Претседателски избори 2019, како ништо да не се случило, како тие жртви да се само сататистика, а не најмилото нешто кое „затвори“ порти на многу македонски семејства.

На Инфективна клиника во моментов на болничко лекување се две бремени жени со морбили, од кои едната е во 9-ти месец, пред породување. Покрај нив хоспитализирани се уште 42 пациенти со ова заразно заболување.

Ако „бомбите“ и пресудија на претходната власт, дали „морбилите“ ќе и пресудат на актуелната? Засега нема оставки, нема морална одговорност, а веќе наголемо газиме во 21 век. Наместо да ги чекаме плодовите од ветувањата, чекаме дали утре Владата ќе прогласи епидемија на „морбили“ во целата земја.

Епидемијата која се прошири во Скопје, Тетово, Гостивар, Куманово, Гевгелија, Штип, Кичево и Прилеп во моментов има зафатено над 1.000 заболени со оваа опасна заразна болест. Информацијата дека бремена жена, заболена од морбили го загуби бебето во шестиот месец од бременоста, посебно ја потресе јавноста и јави соммнеж и страв кај трудниците и скоро породените жени.

Се очекува бројот на пациенти да расте, а тоа го покажуваат и бројките од Институтот за јавно здравје, кои заклучно со денеска регистрирале 138 нови случаи со морбили во изминативе 8 дена.

Дел од новозаразените се медицински сестри или лекари, што дополнително го намалува капацитетот на болниците да се борат со ширењето на оваа опасна епидемија.

Оваа недела Филипче и премиерот Заев ќе имаат специјална средба на оваа тема со Комисијата за заразни болести и се очекува да прогласат епидемија во цела држава. Според изворот од министерството за здравство, се очекува да предложат порадикални мерки како времено затворање на дел од градинките во Скопје, Тетово и Куманово, затворање на повеќе игротеките, делумно затворање на кинотеки, локали и спортски сали, се додека епидемијата заразува се поголем број на граѓани и нанесува големи човечки и финансиски загуби за државата и засегнатите семејства.

Ресорниот министер барем јавно не понуди оставка ниту морална одговорност а вината како и секогаш е префрлена на „неспособноста“ на претходниците. Во случајов претходници се Никола Тодоров кој и „покажа“ непослушност на својата матична партија ВМРО-ДПМНЕ и актуениот вицепремиер и коалиционер во сегашната Влада, Бујар Османи.

Речиси две години власт, а недежта за подобро утре е бледа. Ново име, нови називи на институции, нови ветувања, нови учебници, бетер здрвство, бледо образование, правна држава е утопија, нема датум за преговори со ЕУ, пораснале само старите маки на граѓаните и одат во недоглед.

Уште се чека нормална плата, уште се чека стабилна економија а меѓународната заедница се чини како да се навикна да ја „вози“ оваа напатена грутка земја во која народот стана бескрајно нетрпелив, депресивен и зависен од седативи.

Се чека, тука само се чека….. ја претворивте Македонија во една голема чекалница !!!

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести