Еди Рама во центарот на вниманието во Охрид.

Објавил: Рејхан Бајрами | 9 ноември, 2019 22:46

ЕДИ РАМА ГИ РУШИ МОДНИТЕ ГРАНИЦИ: Во Охрид со нов стајлинг “ADIDAS” патики, костум и црвена кравата!

Фото/Текст извор: © магазин.мк

Претседателот Заев, заедно со Претседателот на Република Србија Александар Вучиќ и со премиерот на Република Албанија Еди Рама вечерва во Охрид, одржаа средба на која тројцата разговараа и ја утврдија декларацијата со листа на приоритети и мерки за подобрување на регионалната соработка.

Албанскиот премиер Еди Рама, вечерва во Охрид се најде во центарот на вниманието поради стајлингот во кој дојде на состанокот со лидерите и веднаш на социјалните мрежи постана мета на модните стилисти. На состанокот носеше модерни патики од марката Adidas и костум со црвена кравата.

Во соопштението од одржаниот состанок се вели дека декларацијата ги најавува можностите на отворен пазар и пристап за бизнис иницијативи во целиот регион без разлика на местото на основање на компаниите, создавање нови работни места и поттикнување на потенцијалите за севкупен развој.

„Оваа декларација со листа на приоритети и мерки доаѓа по претходната нивна заедничка средба во Нови Сад. Во основата на декларацијата е соработката, заедничкиот ангажман и елиминирање на сите препреки за слободно движење на луѓе, добра, услуги и капитал, како придонес за граѓаните од сите земји од регионот во остварувањето на заедничка крајна цел – полноправно членство во ЕУ.

Од определбата за поинтензивна соработка врз основа на заеднички усвоена декларација се очекува на граничните премини, покрај заедничките царински контроли да има заедничка соработка на фитосанитарните контроли, како и слободно движење на граѓаните во трите земји само со лични карти“, се вели во соопштението.

Главната туристичка дестинација во Република Македонија, Охрид денеска е под опсада поради доаѓањето на српскиот претседател Александар Вучиќ и албанскиот премиер Еди Рама, како и домаќинот Заев кој во овој град ќе ги продолжи разговорите за иницијативата на заедничкиот економски простор без бариери за капитал, роба и услуга.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.