Им порачувам по не знам кој пат. Јас сум партизанско дете! Во следната фаза и јас ќе преминам во партизанска борба! Сигурен сум дека нема да погрешам!

Објавил: Македонка Димкин | 15 октомври, 2018 23:32

Екслузивно Јани Бојаџи: Доколку се повлечам и извинам, ми понудија светла иднина!

Фото/Текст извор: ©Магазин

Уметничкиот свет сериозно се движи помеѓу реалноста и сонот, кој треба да се пресликаат во уметничко дело кое ќе ги задоволи апетитите и на авторот но и публиката, па од тука некаде би започнале и со разговорот, кој е Јани Бојаџи како филмски режисер?

Не знам како да се дефинирам себе си како режисер. Мојот професор Ѓорги Дулгеров зборуваше дека режисер е човек без професија. Знае да работи се, ама ништо конкретно! Бранко Ставрев, кој пак е виновен за тоа што решив да станам режисер  кажува дека режисерот е човек што раскажува ,,масали,, односно ,,масалџија,, што на јужните дијалекти е синоним за човек кој ,,кажува вистини како да се лаги,,! И некаде на средината е она генијална идеа на покојниот Владе Цветановски дека режисерот е ,,човек што му служи на настанот,,! Како човек сум неодлучен со овие идеи за тоа што и кој е режисерот.     

Не знам како да се дефинирам себе си како режисер. Мојот професор Ѓорги Дулгеров зборуваше дека режисер е човек без професија. Знае да работи се, ама ништо конкретно! Бранко Ставрев, кој пак е виновен за тоа што решив да станам режисер кажува дека режисерот е човек што раскажува ,,масали,, односно ,,масалџија,, што на јужните дијалекти е синоним за човек кој ,,кажува вистини како да се лаги,,!

2.Вие во јавноста станувате прво “познат” прво со реакциите на директорот на Агенцијата за филм, Горјан Тозија – Медо, дека нелегално сте добиле финансиска поддршка за вашето уметничко дело, по што следеше и реакција на министерот за култура Асаф Адеми со слични обвиненија, се обида ли Тозија и Адеми прво да ве уценат со финансиите, прикривајќи го вистинскиот мотив?

Јас навистина не сакам да бидам неблагодарен кон луѓе кои ми се нашле во животот. Горјан Тозија и како човек и како директор на Агенцијата за филм беше првиот кој ми пристапи со внимание и поддршка и тоа јавно, на прес конференција каде што зборуваше за проблемите кои тој ги затекнал во Агенцијата и дека во сето тоа ,,црнило,, јас како продуцент и филмот ,,Ругање со Христос,, сме пример за тоа како треба да се работи во организациски и финансиски смисол и не препорача како пример за добра практика во филмската индустрија кај нас! А тој е продуцент со огромно искуство и единствен добитник на Златен Лав, па сигурно знае што зборува! Во тој смисол тој како директор на Агенцијата за филм ни ги исплати сите средства во износ од 70% од вкупниот износ, се разбира откако претходно ги испорачавме сите потребни извештаи за кои до овој момент немаме добиено ниту една единствена забелешка на нашата работа од било кој карактер! А од првата исплата па до денес поминати се 15 месеци! Што се случи во меѓувреме за мене е енигма, неразбирливо и нејасно безумие кое никој нормален не може да го разбере! На крајот сите, ама сите знаат дека ова е филм снимен со смешни пари и дека нема место за никаква проневера. Напротив, очекувам откако ќе ги разгледаат сите документи, директорот Тозија и министерот Адеми да ми исплатат еден чесен хонорар како награда за добро завршена работа! 

3.Тозија набргу отпадна од целата ситуација па за наводните контраверзии во филмот “Ругање со Христа” се произнесе министерот за култура но и Националниот координато за култура, поранешниот министер Алаѓозовски кои констатираа дека делото може да предизвика провокации на етничка основа. Ве контактираа ли Адеми и Алаѓозовски и што бараа од Вас?

Контроверзите со филмот Горјан Тозија сеуште не ги кажал. Чекам со нетрпение. Јас нема како да се информирам. Во последните два месеци мојата комуникација дури и со администрацијата на Агенцијата е ограничена, речиси невозможна. Веројатно има забрана да комуницираат со мене! Без мое присуство е вршена и инспекција и покренато барањето за забрана! Тоа е бољшевизам од најодрватен вид. Комунистите така го бојкотирале Кочо Рацин. Било забрането да му се кажува дури и добар ден! Ова е таа состојба. На исклучивост. На ,,ариевизација,, на институцијата! Сите кои не припаѓаме на таа црвена квази елита не смееме да се допреме до тие порти! Ова е повик за наше систематско истребување! Тие нас не исфрлаат од институциите! Јас знам дека нивните татковци и дедовци се бољшевици ама ова нивното е веќе фашизам. Се надевам само дека имаат план за вечноста. За ,,илјадагодишен Рајх,,! Зашто само така има смисол да го прават ова со ваква хадска сила. Алаѓозовски е неважен, како и секој друг ,,трабант,, на црвената буржоазија. Него го искористија како приколица која треба да пренесе ,,товар,, од точка А до точка Б и толку! Го откачија откако им ја заврши гнасната работа. Алаѓозовски нема сопствен погон. Тој е шпедитор која ја води втората фаза од кампањата која се синхронизира во Владата (од оние 65 пиаровци дебело платени, видени и на мојата премиера до првото палење светло!) од каде што сега ме напаѓаат мене, откако им стана јасно дека не можат да го уништат филмот! Но не им се плашам затоа што за разлика од Алаѓозовски и тие околу него јас не сум бил клиент на Груевски и на ,,гадниот вмровски режим,, од кој тој и цела црвена буржоазија со се деца и внуци се лигавеа кај Груевски за ,,проектчиња,, кои чинеа 30 милиони евра а импакт факторот на сите тие нивни проекти не траеше ниту три дена. За разлика од филмот ,,Ругање со Христос,, кој отвори вистинска јавна дебата, што впрочем е првата и последна обврска на уметноста и уметникот.

Бојаџи за Заев: За жал и тој е само ,,трабант,, на црвената буржоазија кој треба да пренесе определен за нив нечист товар со кој тие не сакаат да си ги валкаат рацете. И откако ќе им ја заврши работата ќе го откачат!

4.Приказната кулминираше со јавното признание од претседателот на Владата на Македонија, Зоран Заев дека лично се заложил вашиот филм да биде цензуриран. Со тоа вашето дело е прво кое ја доби оваа “квалификација” во 27 години независна Македонија. Помисливте ли воопшто што понатаму ако се запреше тука?

Истото важи и за Заев. За жал и тој е само ,,трабант,, на црвената буржоазија кој треба да пренесе определен за нив нечист товар со кој тие не сакаат да си ги валкаат рацете. И откако ќе им ја заврши работата ќе го откачат! Тоа е функцијата на секој трабант и на планетата земја и во космосот. Има планети и има трабанти. И двајцата се вредни луѓе кои црвената буржоазија на која не припаѓаат природно ги смета за ,,сељаци,, и ,,провинцијалци,, кои сега им требаат за да им ги плаќаат сметките по кафани! Длабоко жалам за тоа. Ги познавам и двајцата. Знам дека имаат поголеми капацитети. Но наместо да бидат господари на сопствената судбина тие одбраа да бидат слуги, што е нивен личен избор. Ова го кажувам, затоа што нема како да се разбере на друг начин ,,заради кој ѓавол,, Премиер на Влада, на прес конференција јавно ќе прохибира цензура за уметничко дело за кое кажува дека не го гледал! Истото важи и за Роберт Алаѓозовски. Тој знае дека немам никаква хипотека во последните 20 години како уметник во Македонија, а ме напаѓа затоа што така му е кажано од ,,црвените Хитлер јунген,, кои се сокриени и молчат во скутовите на татковците им!

5.Имаше ли шанси вашиот филм да биде цензуриран? На меѓународно ниво тој веќе беше на фестивалските листи но во Македонија можеше ли никогаш да не го видеме во кино салите “Ругање со Христа”?

Секако дека нивната крајна цел беше официјална цензура за што Владата и државното Правобранителство преку Барање на Министерството за култура а во соработка со Агенцијата за филм, официјално доставија барање за Забрана за кино прикажување до Основен суд Скопје 2. На 09 Октомври се одржа и рочиште на кое подносителот го повлече барањето откако ја изгубија играта со времето во која беа вклучени и институции како што се Младински културен центар, Кинотека и нивните администрации. Ќе го обзнаниме сето тоа еден ден. Во овој фашизам доброволно се вклучиле и директори на институции. Сите ќе мора еден ден да се соочат со фактот дека се колаборационисти на еден нацизам во културата! Сега истите тие луѓе, кои не можам да ги наречам поинаку освен ,,културно-уметнички сс трупи,, вртат една заедничка мантра: ,,до крајот на годината нема слободни термини,,! Но ние ќе се бориме. Веќе направивме една проекција во Штип. Беше френетично. Има огромен интерес за нови проекции. Но ,,нема нови термини,,! Во Скопје од МКЦ кој стопанисува со кината и писмено сме одбиени до крајот на годината. Во Синеплекс неофицијално на телефон ми спомнаа нешто во врска со ,,безбедноста и букингот,,!Истото е во Битола, Струмица, Прилеп, Охрид! Во голем дел од Центрите за култура директорите не ми се јавуваат на телефон. Бегаат од мене! Не знаат што да ми одговорат ако немаат нова наредба од ,,Рајхсатагот,,! Некои од нив ми се јавија со извинување дека ,,морат оти така им кажуваат од горе,,! Немам разбирање. Ако не се сложуваат со тоа, нека си дадат оставки! Не се родиле како директори. Вака се соработници на фашизмот. Нема оправдување за ова нивно учество во ова тиранија!

6. Најавивте промоција, и за истата бевте опоменати од јавното правобранителство. Бојаџи што е толку спорно за власта во вашето дело? Како што знаеме никој не го одгледал филмот во целост. Единствено министерот Адеми видел трајлер верзија. Прашавте ли некого што е “пикантниот елемент”?

Најголемиот и единствен проблем е во некопетентноста  на луѓето избрани да обавуваат јавни функции. И тоа не е од вчера. Во Македонија ова негативна селекција трае 50 години. Комунизмот пропадна заради медиокритети. Заради луѓе со средни вредности. Луѓе кои немаа идеа како да се движат напред па стоеја во место. Сега партиите кои делегираат кадри, на места кои треба да ги движат современите текови на општественото живеење поставуваат не медиокритети, туку потпросечни. Луѓе кои не знаат каква е нивната работа во институциите во кои се поставени, па заради тоа се занимаваат со туѓата работа! Тоа е. Каква му е инаку работата на Министер за култура воопшто да оценува филмови дури и како гледач а не пак да забранува уметничко дело, јавно и со писмени одлуки и соопштенија! Каква му е работата на неговиот специјален советник да се бави со тоа кај кој уметник каква инспекција треба да се прати?! Тоа е нашиот проблем. Се плашам дека станува нерешлив! Ние повеќе немаме луѓе со компетенции, знаења и вештини да управуваат! А за тоа повторно вината е кај црвената буржоазија која заради страв од конкуренција ги деградира, омаловажи, обескуражи и избрка сите што нешто вредеа во земјата! Црвената буржоазија е систематскиот уништувач на целиот човечки потенцијал во Македонија од 68 та па се до ден денешен!

Познатиот музичар и продуцент Горан Трајкоски е авторот на музиката за филмот „Ругање со Христа„

7. Што се случи со “опомената” упатена преку вашиот татко? Мислам вие активно не информиравте на социјалните мрежи но има или нема обвинение за наводна трговија со артефакти? Зошто притворот беше тајмиран со премиерата? Помисливте ли да се откажете од се?

,,Немој случајно вечер да нема премиера! Арам да ти е ако го направиш тоа заради мене,,! Ете ова беа зборовите на татко ми пред да замине на распит во Скопје. Во такви моменти не ви се важни никакви филмови. Важен ви е само родителот. Но татко ми не ми остави право на избор. Беше сосема јасен. А тие што го познаваат знаат дека од кажаното не отстапува па ,,мајка Јана,,. Јас ви кажав дека тие сега се влезени во втората фаза на кампањата која според добрите фашистички практики сега се префрлаат врз мене и моето семејство. За среќа најголем артефакт кај мене дома е мојот татко кој ми е пример за се во животот. Верувам дека ова епизода во неговиот живот скоро ќе биде заборавена а е предмет на неговата наивност која ја злоупотребил еден човек со презиме Босиљанов кој е познат како верен и истакнат јуришник на партијата СДСМ од Струмица! Го кажувам ова за да знаат дека знам точно што прават и дека нема да дозволам на мојот татко да му недостига едно влакно од главата.

8. Бојаџи и покрај се изгледа дека власта и судството го изрежира “Ругање со Бојаџи”. Добивте и покана за суд со цел да ви биде изречена мерката забрана за прикажување но до тоа не стигна како барањето беше повлечено од самиот подносите. Сметате ли дека ако бевте потивок ќе успееја во намерата “Ругање со Христа” да не види “бел ден”?

Не знам што сметале тие, ама сега е јасно дека есапот од дома на пазар не им излезе баш точен! Јас решив да не молчам. И покрај добрите понуди кои ги добив доколку неколку работи поправам, скратам, придотерам. Доколку се повлечам и извинам, ми понудија светла иднина и подршка за овој и сите други идни проекти!

Најголемата поддршка на Бојаџи му беше лично и претседателот Иванов

9. Ви беше укажана и огромна поддршка од највисокиот репрезент на државноста, претседателот Иванов. Како се случи средбата? Што значи таа за Вас и уметноста воопшто?

Претседателот Иванов и неговото семејство ги сретнав за прв пат во резиденцијата на Претседателот кога отидов таму. Ме побараа од кабинетот. Отидов со возбуда и одговорност. Не кријам. И со страв. Јас сум уметник. Во принцип не поднесувам власт. Каква и да е. Јас не знам да се однесувам ,,протоколарно,, во такви ситуации. Гардот ми се чита на чело. Како кајрон на вести! Но во случајов, Претседателот на Републиката сакаше да се информира од прва рака што се случува! Му го кажав тоа што знам. И толку колку што знам. За се друго имаше соопшетение од Кабинетот на Претседателот Ѓорѓе Иванов. Но и мој пост на фејзбук. Инаку, сосема, ама сосема е нормално Претседателот да се стави во одбрана на поединецот кој застанал против системот! Секоја поинаква реакција би била знак за апсолутен распад на нашето општество, во кое нема ниту ѕирка и проѕирка на крајот од тунелот. Бескрајно им благодарам на Иванови за тоа светло надеж, не заради мене, туку заради земјата воопшто. Мора да знаеме дека не сме напуштени од сите, сосема и неповратно!

10. “Ругање со Христа” ќе се прикажува каде и како? Не информиравте дека кино салите кои се во државна сопственост не така широкоградо ви ги отвораа вратите. Сметате ли дека сега откако филмот има “дозвола” за прикажување се ќе се врати во нормала? Воедно никој не одговори за вашите повици дека “Ругање со Христа” не е историски документарец за 2001 година туку уметничко дело. Беше загрозена и вашата безбедност. Ве контактираа ли за тоа? Како го поминавте тој период на уцени и закани?

 ,,Ругање со Христос,, ќе се прикажува низ кината во Македонија! Видете, ако досега го ставев филмот на платформа преку која се плаќа секое гледање, на ваков интерес во земјата а особено низ дијаспората ќе заработев 100.000 долари! Ама, не! Во прашање е нашата слобода! Тие со ова ни ја ограничуваат слободата да се движиме слободно од дома до кино, па таму слободно да избереме што ќе гледаме и после тоа слободно да го оценуваме тоа дело! Вложивме огромни, нечовечки напори да направиме филм за киноприкажување во висока резолуција, со вооедначен колоргрединг, со совршен звук во souround формат, со музика на Горан Трајкоски која е врв на светската музика! Направивме производ за на кино! Наменет не за чалами по светски фестивали туку за сопствената публика дома! Од првата секунда си рековме дека нема да правиме некаков ,,проект,, со кој ќе му се допаднеме на светот! Гајле ми е за светот. Ако му се допаѓа ова што го правам во ред, ако не, не е важно. Не ми значат признанијата од надвор. Иако, засега само од таму и доаѓаат! Сепак, навистина ќе направиме се за да стасаме секаде каде што ќе ни дозволат, на крајот на краиштата! Инаку, за мојата безбедност и се што преживеавме јас и моето семејство во овие речиси два месеци еден филм е малку за да се раскаже. Само да кажам дека врвот беше кога на час-час и пол пред премиерата ми се јави организаторот за да ми каже дека од инспектор на МВР стигнало барање да ја декларирам мојата крвна група!

Поддршка за филмот на Јани Бојаџи стигна и лично до Францускиот Амбасадор во Македонија Кристиан Тимониер

11. Во целиот процес ние бевме сведоци само на вашите искрени изјави и нападите од страна на власта. Како на целото ова животно патешествие гледаа вашите колеги, пријатели, и дома и странство? Што прашуваа вашите колеги од толку извиканииот запад кон кој целиме? Им беше ли појмлив политички прогон и цензура во 21 век?

За разлика од дома, колегите од странство веднаш ми понудија прибежште во Париз за мене и за целото семејство! Не прифативме, затоа што го сметавме тоа за пораз! Од Словенија ми дојде понуда за живеење и работење! Во Грција ми понудија работа на телевизија! Пред некој ден дојде и безусловна подршка за мене од Амбасадорот на Франција. На прашањето во врска со колегите во Македонија одговори Дарко Митревски! Нема што да додам во врска со тоа. Ама не е се така црно. Освен на Дарко, бескрајно им благодарам на Столе Попов, Митко Панов, Марија Џиџева и Никола Поповски кои ете, ја сочинуваат целата група на ,,колеги,, кои ми изразија подршка јавно и недвосмислено! Се разбира, покрај мене имаше други прекрасни луѓе кои ме подржуваа од почетокот па и сеуште во овој момент сега! Ако не беа и ако не се сеуште Бранко Ставрев, Митко Маџунков и Сашко Насев јас не знам како ќе го поминав сето ова. Ама и на моите најблиски соработници. Особено не знам како ќе го издржав ова без Упа, кој ми беше потпора во најтешките моменти. Но, ова лудост немаше да биде возможна без организаторите на КинеНова кои ниту во еден момент не се поколебаа дали ќе има филм или не?! И секако, јас не знам дали има друг таков голем и бестрашен директор на фестивал како што е Небојша Јовановиќ кој навистина, ама навистина ја издржа целата ова работа како Титан. Секоја чест на Небојша кој си го заслужи моето бескрајно почитување и благодарност!

12. Филмот веќе освои една интернационална награда. Беше ли тоа поттик повеќе да се оптстои низ се? Каде следно ќе може да го гледаме по светските фестивали македонскиот филм на Јани Бојаџи, “Ругање со Христа”?

Ќе ве информирам и со збор и со слика за следните фестивали кај што ќе си го ,,шетам газо,, што би рекол другар ми Киро Стојмено, во врска со тоа што се прави по филмски фестивали по светот! Во овој момент чекам резултати од еден многу важен фестивал од А категорија за да направиме таму европска премиера, па било не било после тоа веќе нема да калкулираме. Ќе одиме секаде кај што ќе не поканат. Но да најавам дека подготвуваме премиера во кино и дистрибуција во Словенија до крајот на годината.

13. Пред самиот крај, Вардан Тозија, ваш колега на социјалните мрежи постираше пост во кој се чудеше дека некој воопшто помислил да цензурира филм во денешницата. Ве изненадува ли таквиот вид лицемерие кога неговиот чичко и го започна целиот процес?

Не знам што изјавил Вардан на социјалните мрежи. Слушнав разни работи од разни луѓе, од кои огромен број и не ме познаваат воопшто. Но што и да изјавил а е во врска со ова проблематика, во право сте кога предполагате дека тој барем има каде од прва рака да се информира за се што се случувало. Не само во филмот туку и во целото општество од 1949- тата па до ден денешен. Но без оглед на се, знам дека не треба да се суди на други луѓе за нивното поведение! Видов дека во ситуација на страв и неизвесност дури и најсилните карактери реагираат на парадоксален начин!

Наводно Рудникот за бакар и злато е целосно безбеден за животната средина и здравјето на граѓаните и е пример за одговорно и модерно рударство, тврди компанијата „Еурмакс ресоурсис“ која е концесионер на рудникот „Иловица-Шутка“.

14. Воедно Тозија постариот вети судски спор за мизерните 280.000 евра кои ви ги доделие за снимањето. Што е проблемот со финансиите?

Ова е веќе третата фаза! Таа опфаќа во случај да не успее втората, а тоа е да ме скршат како човек и да се повлечам, тие ќе превземат редица на мерки како што се: бесмислени судски процеси за мене и моето семејство, неисплата на обврските кон мене од страна на Агенцијата за филм, активирање на банкарски гаранции, откажување на други веќе доделени проекти, недоделување на други проекти, институционално шиканирање и бојкотирање на мене и моите соработници, со крајна цел да ме доведат до социјален и творечки распад! Ова се познати фашистички и нацистички методи кои ги спроведувал Гестапо во раната фаза а им прилегаат и на овие неофашисти во денешна Македонија! Нека ги прават. Нивна работа. Но им порачувам по не знам кој пат. Јас сум партизанско дете! Во следната фаза и јас ќе преминам во партизанска борба! Сигурен сум дека нема да погрешам. Ако им успеало на моите дедовци антифашисти ќе ми успее и мене! Овој фашизам ќе биде поразен и победен!

15 За самиот крај. Ве запознавме низ лошото низ кое поминавте. Јани Бојаџи има уште што многу тоа да понуди на публиката. На крај од денот. Ова беше грозно искуство, но сепак искуство. Ште е следно на што работите?

Работам во моментот на два филма. Првиот е долгомоетражен документарен филм за рудниците во Источна Македонија. Тоа е филм со кој започна ова кампања против мене! Пред нешто помалку од година дена тој филм беше одбиен од Агенцијата за филм. Имам информации дека тоа е првата цензура врз мене од ова власт. Тие не сакаат да се разоткрие целата приказна за рудниците на смртта во Македонија зад чија идиотска идеа за реализација стојат и ова но и бившата власт! И секако, го довршувам сценариото за мојот нов игран филм. Да ги успокојам фашистите! Љубовна приказна е во прашање.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Култура

Град Скопје реагира на лагите и манипулациите изнесени на денешната прес-конференција на Вмро-Дпмне во врска со Универзална сала!

УНИВЕРЗАЛНА САЛА РАБОТИ СО НАСТАНИ И БЕЗ ОБЈЕКТ ВО УПОТРЕБА

УНИВЕРЗАЛНА САЛА РАБОТИ СО НАСТАНИ И БЕЗ ОБЈЕКТ ВО УПОТРЕБА Град Скопје реагира на...

Македонија и Албанија како држави што управуваат со Охридскиот регион како светско културно-историско и природно богатство ќе мора до 1 февруари наредната година до УНЕСКО да достават извештај со реализиран напредок во спроведувањето на активностите посочени во препораките за заштита на Охридскиот регион.

УНЕСКО бара до 1 февруари да биде изготвен извештај за постапувањата по препораките

УНЕСКО бара до 1 февруари наредната година да биде изготвен извештај за постапувањата...

„Новата градинка ќе биде со капацитет за згрижување на 102 деца, на возраст од 0 до 6 години, за чија изградба и опремување Министерството за труд и социјална политика издвои 50 милиони денари.

Шахпаска: Општина Липково добива нова детска градинка која ќе згрижи 102 деца

Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска  заедно со градоначалникот...