Адвокатите на поранешната шефица на СЈО, Јанева, го делат истиот став но не сакаа многу да говорат за медиумите.

Објавил: Катерина Крстиќ | 10 декември, 2019 19:23

Адвокатите на Боки и Катица тврдат дека сведоците се контрадикторни

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Адвокатите на обвинетите во случајот Рекет се едногласни и велат дека сведоците за случајот се контрадикторни.

Адвокатотна првоосомничениот Боки13, Сашко Дукоски, и бранителите на Катица Јанева, Ирена Фрчкоска и Дељо Кадиев, по денешното судско рочиште за „Рекет“ кога како сведок беше повикана Ана Камчева, сопругата на рекетираниот бизнисмен Орце Камчев, реагираа дека во исказите на сведоците има контрадикторности. Бранителите на обвинетите истакнаа декаразлични искази дале сведоците во судот и во обвинителството за време на истрага.

-Ќе утврди судот што е вистина. Судот е тој кој ја утврдува фактичката состојба, но има доста контрадикторности во изјавите на досега сослушаните сведоци“, изјави адвокатот Дуковски.

Првообвинетиот Бојан Јовановски денеска во судницата поставуваше дирекни прашања до Ана Камчева.

Адвокатите на поранешната шефица на СЈО, Јанева, го делат истиот став но не сакаа многу да говорат за медиумите.

-Не би сакале да коментираме изјави на сведоци. Ние во овој момент укажуваме на контрадикторности кои ќе ги искоментираме во завршни зборови, рече Кадиев.

Инакуденеска во Кривичниот суд два часа сведочеше Ана Камчева и пред судиите откри зошто не го пријавила случајот Рекет во некоја од државните институции.

Камчева во судницата истакна дека се плашеле од моќта на поранешната шефица на СЈО Катица Јанева. Таа открива дека најпрво за случајот Рекет го информирала поранешниот директор на УБК, Горан Николовски и со него остварила две средби. На негово прашање зошто нема доверба во институциите таа му одговорила дека пред неа Јовановски разговарал на телефон со многу луѓе од власта, политичари, министерот за внатрешни работи, судии и обвинители

 

Следното рочиште на “Рекет” е закажано за 25 овој месец кога треба да сведочат тројца сведоци.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести