Со стапка на раст од 5,6 отсто во првото тримесечје од 2019 година, Меѓународниот аеродром Скопје, исто така во првиот квартал од 2019 бележи повисок просек од оној низ Европа.

Објавил: admin@magazin | 14 мај, 2019 16:15

Аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид рангиран во најдобрите трите аеродроми во Европа!

Фото/Текст извор: ©тав аеродром

Аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид е рангиран во најдобрите трите аеродроми во Европа што постигнале највисок раст во првиот квартал од 2019 година, во групата аеродроми со под пет милиони патници годишно.

Според Меѓународниот совет на аеродроми (ACI), охридскиот аеродром бележи 63.9 проценти пораст на патничкиот сообраќај во првиот квартал од 2019 година, а 96,9 отсто пораст на патничкиот сообраќај во март 2019, споредено со март 2018 година.

Во категоријата аеродроми со помалку од пет милиони патници годишно, поголем раст бележат само италијанскиот аеродром во Таранто и грузискиот аеродром во Кутаиси .

Првиот четири месеци од 2019 година ги завршивме со речиси седумстотини илјади патници на „Меѓународниот аеродром „Скопје“ и Аеродромот „Св. Апостол Павле“ – Охрид, односно со десет процентен пораст на годишно ниво.

– Ова признание од страна на ACI е потврда за нашите силни напори да воспоставиме постојан пораст во авиосообраќајот на двата аеродрома управувани од страна на „ТАВ Македонија“. На Аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид забележавме неверојатен пораст во бројот на патници, односно 64 проценти поради трите нови авиолинии отворени во последните шест месеци – Виена во ноември 2018 година и Малме и Милано од март годинава. Со дополнителните четири нови дестинации што ќе бидат воведени од ова лето – Меминген, Дортмунд, Штутгард и Дизелдорф, очекуваме да одржиме висока стапка на пораст на охридскиот аеродром, притоа достигнувајќи нови рекорди, изјави Алпер Ерсој, генерален директор на ТАВ Македонија.

Споредено со просечниот пораст на патничкиот сообраќај на европските аеродроми од 4,4 отсто, порастот на аеродромот во Охрид е поголем за 60 проценти. Со стапка на раст од 5,6 отсто во првото тримесечје од 2019 година, Меѓународниот аеродром Скопје, исто така во првиот квартал од 2019 бележи повисок просек од оној низ Европа.

Заедно со нововоспоставената линија од Охрид до Цирих што ја оперира швајцарската водечка авиокомпанија „Edelweiss“ сега од Охрид има пет директни авиолинии и тоа за Виена, Базел, Цирих, Малме и Милано и осум сезонски дестинации до Амстердам, Брисел, Тел Авив, Варшава, Катовице, Истанбул, Ајндховен и Талин, а на истите сообраќаат 11 авиокомпании.

„ТАВ Македонија“ ја заврши 2018 година со вкупно 2,3 милиони патници на двата аеродрома, што претставува 16 процентен годишен пораст, и со реализирани 19.750 летови односно деветпроцентен годишен пораст.

Првиот четири месеци од 2019 година ги завршивме со речиси седумстотини илјади патници на „Меѓународниот аеродром „Скопје“ и Аеродромот „Св. Апостол Павле“ – Охрид, односно со десет процентен пораст на годишно ниво.

Скопскиот аеродром ја оствари очекуваната стапка на пораст во бројот на патници од седум отсто за периодот јануари-април, што очекуваме да бидеме повисока во вториот и третиот квартал од годината, поради отворањето на четирите нови дестинации – Баден-Баден и Бремен, што започнаа да сообраќаат во март, како и Ларнака и Турку, што ќе бидат воведени во јули 2019 година. „ТАВ Македонија“, заедно со сите владини тела од областа на воздухопловството, ќе продолжат да работат на развојот на мрежата на авиолинии на двата аеродрома. Во исто време, задоволството на патниците ќе остане да биде еден од нашите врвни приоритети, со фокус на подобрување и иновација на услугите за авиокомпаниите и патниците, додаде Ерсој.
Во првите четири месеци од 2019 година преку двата македонски аеродрома вкупно патувале 694.227 патници што е пораст од 10 отсто споредено со истиот период во 2018 година.
„ТАВ Македонија“ ја заврши 2018 година со вкупно 2,3 милиони патници на двата аеродрома, што претставува 16 процентен годишен пораст, и со реализирани 19.750 летови односно деветпроцентен годишен пораст.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Анализа

Така што, јас верувам дека ние до 2030 година можеме да бидеме членка на ЕУ, доколку ги донесеме одлуките коишто се очекуваат од нас. За тоа веќе постои поддршка и отворен прозорец од страна на ЕУ, рече Ковачевски.

Ковачевски мисли дека до 2023 Македонија ќе влезе во ЕУ

Можноста за поголем пристап на кандидатите за членство до европските фондови ја најави...

Гостиварскиот обвинител Ислам Абази кој е избран за нов шеф на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција е непознат за пошироката јавност. Од него тешко се наоѓа фотографија, а нема ниту биографија. Обвинителите немаа прилика од него да чујат ниту детали за тоа како планира да раководи со едно од најважните обвинителства во државата, кое треба да се справи со организираниот криминал и корупција.

Добивај вести на вибер
dobivaj vesti na viber
Според информации од „А1он“ кои ги добивме од неколку обвинители со право на глас, тој немал испратено ниту програма до нив. Во фелата важи за почитуван колега и обвинител. Има учествувано во изработка на низа закони.

За него постоеја шпекулации дека е кандидат на ДУИ. Тој никогаш не се огласи со став. Потекнува од Зајас, селото од каде е и лидерот на ДУИ, Али Ахмети. Новиот шеф, Абази, пријавил и дека неговото семејство поседува куќа во Зајас, исто како и Ахмети.



Според анкетниот лист поднесен во Државната комисија за спречување корупција, тој нема ниту куќа, ниту стан, ниту автомобил. Поседува само долгови и мотор. Од недвижнини, на име на неговите родители, има запишано стан во Кичево и куќата во селото на Ахмети. На свое име, има голф 4, кој го стекнал со купопродажба, вреден скоро пет илјади евра. Абази има и кредит oд четири илјади евра, кој го подигнал во 2009 година. Засега не е познато кога последен пат го ажурирал неговиот анкетен лист и дали има промени.

„А1он“ и вечерва се обиде да исконтактира со сега избраниот шеф, Ислам Абази. Го прашавме колку вистина има во тоа дека е кадар на ДУИ, дали се познава со Ахмети и дали остварувал средби, но и каде може да се види неговата програма доколку истата постои. Тој посочи дека изјава ќе даде утре, кога ќе допатува во Скопје.

„Во текот на утрешниот ден ќе дојдам во Скопје и ќе се договориме за изјава преку прес-службата на ЈОРСМ“, вели Абази за „А1он“, неодговарајќи на ниту едно прашање.

Инаку, Ислам Абази беше избран со 66 гласови, преку гласање на сите обвинители во Македонија. На второ место, со 64 гласови или два гласа помалку, заврши скопскиот обвинител Ермон Незири. Досегашната шефица Вилма Русковска доби петнаесетина гласови, а нејзината колшека Деса Пауновска имаше едноцифрен број на поддршка.

Кој е Ислам Абази, новиот шеф на Организиран криминал и корупција

Гостиварскиот обвинител Ислам Абази кој е избран за нов шеф на Обвинителството за...