Во соопштението на авиокомпанијата се вели дека луѓето со температура повисока од 38 степени Целзиусови нема да можат да се качат во авионот.

Објавил: Владо Марин | 9 мај, 2020 16:46

АКО САКАТЕ ДА ЛЕТАТЕ- НОВИ ПРАВИЛА: Од понеделник Ер Франс воведува мерење температура и задолжително носење маска!

Фото/Текст извор: ©Magazin.mk

Француската авиокомпанија „Ер Франс” од наредната недела ќе ја мери температурата на патниците и ќе бара од нив да носат заштитни маски за време на летот.

Во соопштението на авиокомпанијата се вели дека луѓето со температура повисока од 38 степени Целзиусови нема да можат да се качат во авионот.

Според „Ер Франс”, нивната резервација ќе биде променета за подоцнежен лет, без дополнителни трошоци, пренесува Би-Би-Си.

Франција се наоѓа во техничка рецесија, соопшти Народната банка, откако официјалните податоци потврдија дека економијата се намалила за 0,1 отсто уште во последниот квартал од 2019.

Во првите три месеци од годинава, француската економија паднала за уште 6 проценти.

Рецесијата се дефинира како два последователни квартали на економско намалување. Според Народната банка, ова е најлошиот резултат на земјата од 1945 година.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.