Најава за снег

Објавил: admin@magazin | 7 април, 2021 8:41

АКТУЕЛНA НАЈАВА: ВЕЧЕРВА ГОЛЕМ ПАД НА ТЕМПЕРАТУРИТЕ НА ВОЗДУХОТ И СНЕГ ВО ЗАПАДНИТЕ И ЈУГОЗАПАДНИТЕ ПРЕДЕЛИ – ДЕТАЛИ

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Денес времето во Македонија ќе биде претежно облачно, на повеќе места со повремени врнежи од дожд.

На планините и на повисоките места ќе има врнежи од снег, додека кон крајот на денов и во текот на ноќта поради продор на постудена воздушна маса од север врнежите од дожд ќе преминат во врнежи од снег и на некои пониски места, особено во западните и југозападните предели. Ќе дува умерен ветер од западен правец кој повремено ќе засилува, додека Долж Повардарието истиот ќе биде од северен правец. Максималните температури ќе се искачуваат во интервалот од 5 до 14 степени.

Во Скопје времето ќе биде претежно облачно со услови за повремен дожд. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе се искачи до околу 9 степени.

Потоа од утре во текот на денот се очекува постепено стабилизирање на времето, но ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. Минималните температури на повеќе места ќе се спуштаат под нулата, односно истите ќе се спуштаат во интервалот од -6 до 2 степени. Максималните температури пак во следните денови ќе бележат тенденција на пораст.

НАПОМЕНА: Поради очекуваните врнежи од снег во текот на ноќта во западните и југозападните предели, ќе дојде до формирање на нова снежна покривка на повисоките места и на планините. Тенка снежна покривка ќе се формира и на некои пониски места.

За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Време

Главната причина за кавгата меѓу актуелниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и неговиот претходник Никола Груевски е во личните суети, а не во политичките разлики поврзани со уставните измени, смета првиот лидер на партијата и експремиер Љубчо Георгиевски.

Георгиевски: Груевски претходно ги сруши измените на КЗ што сега му се потребни и за кои плаче

Прашан во интервју за емисијата „Трилинг“ дали владејачката гарнитура е подготвена...