На сметка на ваквиот масивен одлив, медицинските сестри кои остануваат во Македонија одвај постастуваат со работа. Од здруженијата посочуваат дека особено проблем се дежурствата за време на летните одмори.

Објавил: Весна Петровска | 9 јули, 2019 19:19

АЛАРМАНТНО: Македонија има недостиг од медицински сестри – 14 откази за само неколку месеци

Фото/Текст извор: ©онлајн магазин

Масовно заминуваат медицинските сестри од Клиничкиот центар во Скопје, за неполна година си заминале од своето работно место 14 медицински сестри.

Овој податок го потврдуваат и од самостојниот синдикат на Клиничкиот центар.

Во ГОБ „Осми Септември“, пак за неполна година си заминале 18 медицински сестри, а од болницата велат има најави дека до крајот на годинава бројката ќе се искачи на 25.

Од старата градска болница во Скопје „Св. Наум Охридски“, пак, од почетокот на годинава заминале 17 медицински сестри, од кои 9 се пензионирале, 6 си заминале со спогодбено преземање и две си дале отказ.

– Мене ми е жал и како пациент, но и како граѓанин дека тие медицински сестри што заминуваат се ретко млади сестри, тоа се главно сестри со сериозно работно искуство, докажани во својата професија, на одговорни места на клиниките, како одделенски медицински сестри, одговорни сестри кои што водат одредени софистицирани дијагностички процедури и кои што тешко може да се надокнадат. Тоа е спремен кадар кој што баш во тие години треба да му служи на ова општество, на граѓаните за да имаме бенефит сите. – вели за ТВ 24 Јулија Јовановска, Самостоен Синдикат на Клинички Центар.

На сметка на ваквиот масивен одлив, медицинските сестри кои остануваат во Македонија одвај постастуваат со работа. Од здруженијата посочуваат дека особено проблем се дежурствата за време на летните одмори.

Во моментов во Македонија има 8.200 медицински сестри, за разлика од пред 5 години кога имало вкупно 11 000 сестри, соопштуваат од синдикатот.

И покрај ваквите податоци, здравствените власти тврдат дека состојбите во последниве две години се подобрени, а дека одливот на кадар не е проблем отсега, но дека оваа Влада покажала подготвеност за подобрување на статусот на медицинскиот персонал, со цел тие да се задржат во државава.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести