Демонстрантите рушеа заштитни огради го извикуваа името на Еди Рама со погрдни зборови и бараа негова итна оставка.

Објавил: Рејхан Бајрами | 11 мај, 2019 22:12

АЛБАНИЈА ВО ПЛАМЕН: Гори пред владата во Тирана!

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Повеќе илјади демонстранти на албанската опозиција, денеска повторно протестираа во Тирана, барајќи предвремени парламентарни избори.

Демонстрантите кои денеска се собраа пред главната зграда на владата, фрлаа петарди и други пиротехнички средства, а во еден момент беше запален и влезот од владата.

Демонстрантите фрлаа со молотови коктели кон зградата на Владата и го запалија влезот.

Противпожарните екипи се обидоа да го изгаснат огнот, а полицијата да ги спречи демонстрантите да ја пробијат заштитната ограда и да влезат во зградата.

Демонстрантите рушеа заштитни огради го извикуваа името на Еди Рама со погрдни зборови и бараа негова итна оставка.

Опозицијата го обвинува Еди Рама за корупција и поврзаност со организираниот криминал. Тие го напуштија парламентот во знак на протест.

И на денешнот протест опозицијата ги повтори веќе познатите барања, заминување на премиерот Еди Рама и формирање техничка влада, која ќе спроведе фер и демократски избори.

Обединетата албанска опозиција денеска одржа, како што го нарекува, четвртиот народен протест пред Владата во Тирана. Протестот почна во 18 часот и 30 минути, а информациите од двете најголеми партии во обединетата опозиција, Демократската на Љуљзим Баша и Социјалистичкото движење за интеграција на Моника Круемади, протестот  најмасовен досега. 

За безбедноста на протестите се ангажирани повеќе од 1.200 полициски службеници од сите сектори кои се распоредени главно пред Владата.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести