Пратеникот и претседател на Сојузот на Ромите, Амди Бајрам (63), деновиве во домашна атмосфера закрепнува по ампутацијата на ногата. За ,,Фокус” во телефонски разговор раскажува дека операцијата се случила пред 15 дена, и како секој ден се чувствува подобро.
Но, јас сум доста амбициозен човек, нема запирање. Чекам да ми заздрави раната, па потоа ќе ставам протеза.
Додава дека оптимизамот никогаш не го напуштил, секогаш верувал дека се ќе биде во ред.
-Психички не паднав во ниту еден момент. Добро се држам, позитивноста секогаш ми била силна страна на карактерот. Има многу полоши нешта во животот, така гледам на работите и максимално сум посветен на брзото заздравување и враќање на стариот начин на живот.
Медицината оди напред, има современи протези со кои ќе немам проблем во мобилноста.Ведриот дух не ме напушта и се заблагодарувам на сите кои ми посакаа добро здравје во овие моменти – изјави Бајрам.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.