Механизмите на партизираното СЈО, упорни да ги спречат пратениците да дискутираат по историскиот предизвик за зачувување на Македонија од можните уставни измени

Објавил: Мартин Попоски | 16 октомври, 2018 9:58

Антонијо Милошоски на распит во СЈО за случајот “Моќник”

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Пратеникот на ВМРО – ДПМНЕ, поранешниот министер за надворешни работи на Македонија, Антонијо Милошоски пристигна во СЈО на распит.

Вчера во СЈО сведочеше Томе Аџиев, експретседателот на Комисијата за верификација на фактите.

СЈО во 2017 година отвори истрага наречена “Моќник”, за пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Антонијо Милошоски за незаконска продажба на објект во Македонски Брод на неговиот татко.

Истрагата се води против 13 лица, поради сомневање дека му нанеле штета на државниот буџет од околу 50 000 евра.

Покрај пратеникот, осомничени се и неговиот татко и тогашниот градоначалник на општината Македонски Брод.

Истрагата на СЈО за “Моќник” во еден дел е за нарачаната лустрација кај тогашниот состав на Лустрациската комисија предводена од Томе Аџиев на кичевскиот судија Драган Билески. Комисијата ја поништи одлуката од 2010 година за судијата Билески и донесе нова одлука дека тој бил кодош.

Прислушуваните разговори што се водат помеѓу Томе Аџиев, претседател на Лустрациска, и пратеникот Антонио Милошоски откриваат договор за лустрирање на Драган Билески, судија од Основниот суд во Кичево.

Постапката ја иницирал Антонио Милошоски, кој го известил Аџиев дека ќе најдат некое лице, како трето лице  заинтересирано, што ќе поднесе барање, а Аџиев ветува дека ќе го средат судијата.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести