На моменти изгледаше како Аргентинците да се пакуваат за дома

Објавил: Македонка Димкин | 26 јуни, 2018 23:51

Аргентина се врати во последен момент

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк
Аргентина конечно од екстремни услови успеа да се извлече од пред елиминација и да се врати во полн сјај во нокаут фазата. Во осминафиналето, Аргентинците ќе играат со Франција која во групната фаза не беше во најдобра форма. Марадона како и по обичај, не се водржа, а да не направи скандал, тој во негов стил покажа среден прст кон противничкиот гол.

На моменти изгледаше како Аргентинците да се пакуваат за дома, посебно откако цврстите Нигеријци оддолеваа на нападите при 1:1, пред Маркос Рохо, неколку минути откако беше „ослободен“ од вината и не беше досуден пенал по играта со рака во својот шестнаесетник, да го постигне и неговиот најзначаен гол во кариерата.

Така со резултат од 2-1, Аргентина оди понатаму. Со ист резултат, о осминафиналето оди и Хрватска која го порази Исланд и го освои првото место во групата.

Хрватска која оствари три победи од три натпревари ќе игра против Данска, Шпанија ќе се сретне со домаќинот Русија, а интересен ќе биде и дуелот меѓу Уругвај и Португалија.

Ова се четири осминафинални дуели:

1. Уругвај – Португалија

2. Франција – Аргентина

3. Шпанија – Русија

4. Хрватска – Данска

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Фудбал

Репрезентативците на Марково се вистинско изненадување на ова првенство. За потсетување, тие со својата пожртвувана игра претходно во осминафиналето успеаја да ја елиминираат репрезентацијата на Шпанија.


Фото: EPA-EFE/Ali Haider
Напаѓачот и најголема ѕвезда на Португалците, Кристијано Роналдо и овој меч го започна на клупата за резервни играчи. Во игра влезе во 51. Минута, кога селекторот на Португалија реши да го стави на местото на Рубен Невеш.

Португалија имаше доволно време да израмни, напаѓаше силно, но не успеа да ја затресе мрежата на одличниот голман на Мароканците, Боно.


Фото: EPA-EFE/Georgi Licovski
Мароко во полуфиналето ќе ги одмери силите со подобриот од вториот денешен четвртфинален натпревар на Светското првенство во Катар што ќе го играат репрезентациите на Франција и Англија.

Вчера во драматични натпревари, со пресврти за пласман во полуфиналето се изборија репрезентациите на Хрватска и Аргентина кои се првата полуфинална двојка.

Мароко испиша историја: Ја победи Португалија и оди во полуфинале на Светското првенство во Катар

Мароко во полуфиналето ќе ги одмери силите со подобриот во вториот денешен четвртфинален...

Триумфот го донесе Александар Трајковски. Милевски емотивно заедно со останатите играчи го прослави големиот успех, а има и две причини за радост. Првата е секако победата над Италија, а втората е дека денес (25 март) му е роденден!

Благоја Милевски е роден во 1971 година во Скопје. Полни 51 година, баш заедно со победата над Италија. Селекторе, среќен нека е и само успеси со Македонија!

МАКЕДОНИЈА НАПРАВИ СВЕТСКО ЧУДО: Ја победи Италија на нејзин терен и обезбеди финален бараж за Мундијал!

Македонија ги елиминира европскиот првак Италија среде Палермо и дојде само на еден...