Лидерот на ДУИ исто така посочи дека Албанците во Македонија не се дискриминирани.

Објавил: Катерина Крстиќ | 2 јануари, 2020 12:12

Ахмети: Албанците во Македонија не се дискриминирани

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Али Ахмети, лидерот на најголемата албанска партија во Македонија, ДУИ истакна дека мандатот на владата коај ќе се формира по изборите нема да биде воопшто лесен бидејќи треба да се спроведат многу реформи во образованието, здравството и судството.

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети истакна дека Албанците во Македонија не се дискриминирани

Лидерот на ДУИ исто така посочи дека Албанците во Македонија не се дискриминирани. Тој вели дека можеби постои неправда во некој судски процес, но дека нема дискриминација врз Албанците. Ахмети посочува дека Албанците во Македонија имаат свое знаме, говорат а свј мајчин јазик, имаат универзитети на албански, а тоа не е дискриминација.

Народ кој има национално знаме, има три универзитети на својот јазик, два државни и еден приватен, не може да се рече дека е дискриминиран. За еден народ кој темелите на градење на државата ги има на просторите каде што живее, јазик, знаме, универзитети, државна администрација, полиција, војска. Има уште работи кои треба да се поправат, уште не се затворени сите прашања, на пример за правичната застапеност, практичната употреба на јазикот и други. Денеска тргнуваме со првите чекори, но треба да видиме колку сме подготвени сите овие работи што сме ги добиле со многу труд да ги применуваме, истакна Ахмети.

Ахмети посочи дека предрасуди се тврдењата дека Албанците сакаат да доминираат со цела Македонија.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести