Како што сведочат очевидци на настанот, крв на рацете било забележано и кај мајката на Блерим, која се втурнала да го одбрани нејзиниот син од нападот на Исмет Гури. На местото на инцидентот интервенирала полицијата, а нападот се случил пред пристугнување на репортерските екипи.

Објавил: Весна Петровска | 26 јули, 2019 22:15

Ахмети ја допре мојата внука: Ел Чека му се закани на лидерот на ДУИ

Фото/Текст извор: ©оналјн магазин

Братот на Ел Чека, Блерим Амети денеска е нападнат од страна на Исмет Гури, посведочи мајката на нападнатиот. Нападот се случил непосредно пред почетокот на протестот организиран до семејството на Ел Чека, на плоштадот Скендербег во Скопје.

Како што сведочат очевидци на настанот, крв на рацете било забележано и кај мајката на Блерим, која се втурнала да го одбрани нејзиниот син од нападот на Исмет Гури. На местото на инцидентот интервенирала полицијата, а нападот се случил пред пристугнување на репортерските екипи.

По ова Ел Чека се огласи на социјалната мрежа Фесбук и испрати нови заканувачки пораки до Али Ахмети.

Ел Чека се огласи на Фејсбук

-Допревте едно 3-годишно девојче, ја допревте мојата внука како што ми се заканивте, сега не очекувајте добро однесување, не очекувајте културни зборови, се гледаме о Али, се гледаме о Исмет, ќе се видиме и со вашите семејства – напиша Ел Чека на Фејсбук.

-Нема мир со вас, останете подготвени да ви ја гледаме силата колку ке ве изджи. Али кажи им на внуците и твојот син дека ќе ги потсетам пак на 2008-та, и тоа брзо“ – напиша Ел Чека.

– Заблагодарете му се на Господ што не бев таму, бидејки тоа од 2010-та ќе се повтореше врз униформите излеани со албанска крв од полицијата на Али Антич, Груевски и Заевич.

Ел Чека во јавноста е познат по аудио снимките од прислушкуваните разговори на многу фунцкионери, на мета е премиерот Зоран Заев и Али Ахмети.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести