Дополнително ве известуваме дека „Аџибадем Систина“ е подготвена да го покрие лекувањето на сите деца до 18 години кои се болни од оваа болест“, стои во објавата.

Објавил: admin@magazin | 18 декември, 2020 11:54

“Аџибадем Систина“ бесплатно ќе лекува деца болни од коронавирус

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Вчера на Фејсбук страницата на болницата осамна објава во која се вели дека медицинскиот персонал е подготвен да им помогне на дечињата кои имаат ковид-19 со бесплатно лекување на третманот.

„По апелите во јавноста за помош на Лазе Најдовски, чија ситуација се влошува како последица болеста, Клиничката болница „Аџибадем Систина“ е подготвена да го преземе неговото лекување. Нашата болница ќе направи се што е потребно за неговото здравје!

Дополнително ве известуваме дека „Аџибадем Систина“ е подготвена да го покрие лекувањето на сите деца до 18 години кои се болни од оваа болест“, стои во објавата.

Д-р Владимир Чадиковски, специјалист по детска хирургија и супспецијалист по детска кардиохирургија, оваа информација ја потврди на својот Твитер профил. Тој напиша дека целиот детски тим кој брои повеќе од 200 членови, е спремен да им помогне.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Здравје

Дијагнозата во типичните случаи лесно се поставува врз основа на податоците од родителот за тегобите на детето,прегледот на детето и рутински биохемиски иследувања(леукоцити и леукоцитна формула ).

Кога се зголемуваат лимфните жлезди?

Зголемени лимфни жлезди не се ретка појава. Може да бидат последица на обична настинка...