Кампањата има цел да изнуди уште две уставни измени, бришење на јазикот кој го говори 20% од етничката зедница и 20% етничка заедница со Албански јазик и Албанска нација

Објавил: Мирко Бачиќ | 5 ноември, 2018 7:39

БЕСА и Алијанса за Албанците со кампања: “Не нарекувај ме 20%, јас сум Албанец”

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

На социјалните мрежи низ Македонија започна кампања во врска со уставните измени согласно Преспанскиот договор.

Името на кампањата е “Не нарекувај ме 20%, јас сум Албанец” и има за цел во промените на Уставот да бидат додадени Албанците како посебна нација, рамноправна со Македонската, за сметка на етничките заедници, а со цел да се избегне споменувањето на население кое е “над 20 отсто”.

Кампањата ја водат активисти на БЕСА и Алијанса за Албанците а поддршка добиваат од сите припадници на абанското етничко малцинство во Македонија.

ДУИ официјално нема изразено поддршка за истата иако бројни нејзини активисти но и фукнционери ја поддржуваат.

Со кампањата се бара без исклучот, сите албански партии да дадат свој придонес и преку амандман да преложат Собранието на Македонија, да го замени, според нив, навредливиот термин “20 %” со конкретно именување на Албанците како народ.

Кампањата секако бара и интервенции во правата и можностите за употреба на јазикот и писмото, со што се прокламира една држава на две нации и два јазика. Тоа би се регулирало со промена на статусот “Јазикот кој го говори етничката заедница со над 20 % од популацијата” со терминот “Албански јазик”.

Иако коректно би било пред да се брише процентуалната застапеност на етничките заедници во Македонија поради кои албанскиот етникум има загарантирани образовни па и функционерски квоти во јавната и државната администрација, прво да се направи Попис на население, нешто што рекордно се одлага веќе две декади.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести