Зафатена е ниско стеблеста шума, изјави за МИА командантот на Територијалната противпожарна бригада на Град Скопје, Владимир Симоновски

Објавил: admin@magazin | 5 септември, 2019 22:45

Беснее пожар над селото Страцинци на Скопска Црна Гора!

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Попладнево избувна пожар над селото Страцинци на планината Скопска Црна Гора и се движи кон кумановското село Мојанце.

Зафатена е ниско стеблеста шума, изјави за МИА командантот на Територијалната противпожарна бригада на Град Скопје, Владимир Симоновски.

– Три возила со 10 пожарникари се на терен. Дејствуваме за да се спречи проширување на пожарот во шумата. Зафатена е голема површина од околу три до четири километри, додаде Симоновски.

Информација!!!!
Пожарот во делот на Скопска Црна Гора поточно с.Страчинци непристапниот терен и ветарот ни ја отежнуваат работата но сепак бидете спокојни и во оваа Борба со огнената стихија ке победиме 🚒🚒🚒🚒

Пожарна Скопје!

Скопска Црна Гора — средно висока планина во северна Македонија. Се издига помеѓу Скопската Котлина од југ, Кумановската Котлина од исток, Гниланската од север (во Косово) и долината на река Лепенец од запад.

Планината се протега во правец ЈЗ-СИ, со највисок врв Рамно (1.651 м). Останати повисоки врвови се Соколовец и Душановец. 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести