Експратеникот смета дека во Македонија има други луѓе со знаење и интегритет кои подобри ќе ја завршеле работата отколку СЈО.

Објавил: admin@magazin | 27 ноември, 2019 22:10

БИШЕВАЦ: Обвинителството е срамно – Јанева има земено 150 илјади евра за доверливост на информациите од разговорите

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Само Катица Јанева земала повеќе од 150 илјади евра додаток за доверливост. Тоа што таа како обвинител во СЈО земала екстра пари за доверливост или за да молчи за разговорите кои ги поседува обвинителство е срамно. Па и оние кои се во системот на јавното обвинителство ја имаат иста обврска, а не земаат толку пари како што видовме дека било случај во Специјалното јавно обвинителство, рече екс пратеникот од СДСМ, Сафет Бишевац на дебатата на Телевизија 24.

Бившиот пратеник од редовите на СДСМ Сафет Бишевац, на дебатата на ТВ24 изјави дека во Македонија има други луѓе со знаење и интегритет кои подобро ќе ја завршеле работата отколку СЈО.

Бишевац вели дека суштината на создавањето на ова обвинителство е тивка амнестија за Груевски и луѓето од поранешната власт.

-Само Јанева има земено 150 илјади евра за доверливост на информациите од разговорите. И сега обвинителите од ЈО имаат таква мерка па не примаат таков додаток. Тоа е срамно осиромашување на народот на сметка на неколку поединци на кои очигледно и тоа не им било доволно, па сакале преку леб-погача. За Фетаи и останатите обвинители нема ништо спорно во списокот на додатоците на плата за вработените од СЈО. Пратениците за тие додатоци беа линчувани иако ги следуваат со закон. Мислам дека е дрско и безобразно во име на некаква борба против криминалот да тврдите дека ги заскужувате тие пари бидејќи сте ставале „глава во торба“ против Груевски и режимот, вели Бишевац.

-Неуспехот на ова тело кое требаше да биде клучно во битката против криминалот доживеа тотален неуспех и е едно големо разочарување. Длабоко сум убеден дека СЈО не само што не ја заврши работата за која беше формирана, туку требало целата работа да ја донесе на ова дереџе за да се донесе тивка амнестија која за владата која владееше пред оваа власт, вели Бишевац.

Според него самиот избор на еден неискусен обвинител за СЈО како Катица Јанева, непознат на пошироката јавност ја детерминараше и целта.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Интервју

„Има документи, согласности, уснени согласности, телефонски разговори, за секој пациент докторите се должни да ги информираат. Ние први воведовме видеоконференција

Жан Митрев: Не се плашам од обвинение, ќе се докажувам и 100 години ако треба – никогаш не сум рекол дека хемофилтрацијата е лек

Неговиот вечерашен јавен настап во кој се бранеше од наводите во документарниот филм...

Зошто никој не зборува за германскиот предлог во времето на владата на Меркел, од нивното претседателство, каде исчезна тој?

Имам информации дека владата на Ковачевски го прифатила предлогот од Париз

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во вчерашното гостување во емисијата...

„Јас не се занимавам со економијата на семејството, колку пари кружеле… Добро е, дојдете еден ден кај мене дома, зборувајте со мојата сопруга“, рече Ахмети.

Ахмети не знае колку чини маслото за јадење: Зборувајте со сопругата, не се занимавам со економијата на семејството

Лидерот на ДУИ Али Ахмети во гостувањето во емисијата „Клик плус“ на ТВ21кажа дека...

Вели дека е подготвен во секој момент да седне на маса и да разговара за сите теми со Ковачевски, но на тие средби ќе мора да се разговара и за предвремени ибори.

Мицкоски: Немам намера никого да уценувам, подготвен сум во секој момент да седнам на маса

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски тврди дека блокадата на Собранието не е начин...