Божиќ е денот на Христовото раѓање според христијанската традиција.

Објавил: admin@magazin | 4 јануари, 2019 7:49

БОЖИЌ – Неработен ден за сите граѓани во Република Македонија

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Министерството за труд и социјална политика соопшти дека 7 јануари 2019 година, Божиќ, првиот ден на Божиќ според православниот календар, е неработен ден за сите граѓани на Република Македонија.

Од министерството соопштија дека 7 јануари е неработен ден за сите граѓани. Бадник, пак е неработен за православните, односно бидејќи станува збор за недела, за оние што работат и во неделите тој треба да биде неработен ден или да биде платен како празнично дежурство.
Министерството за труд и социјална политика им го честита Божик на граѓаните.

Божиќ е денот на Христовото раѓање според христијанската традиција. Тоа е втор најголем празник во христијанството, по Велигден. Црквите кои го користат грегоријанскиот календар, вклучувајќи ги сите католички, протестантски и повеќето православни цркви, го прославуваат на 25 декември. Македонската православна црква, го прославува Божиќ на 7 јануари. 

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.