-Ние даваме се од себе. Ако не помагаат, барем да не одмагаат, изјави Филипче.

Објавил: Рејхан Бајрами | 3 април, 2021 18:07

Болниците преполни, салата Борис Трајковски подготвена за масовна вакцинација

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ денеска повторно организираше протест пред Министетството за здравство од каде што побара оставка од министерот Венко Филипче зашто смета дека не ја менаџира добро здравствената криза. Се фрлаа балони со вода кон зградата на Министерството за, како што и го насловија протестот – „Да го измиеме срамот на Филипче и Заев”.

Министерот Венко Филипче денешниот протест на ВМРО-ДПМНЕ пред Министерството за здравство, го нарече нов неконструктивен чин.

-Ние даваме се од себе. Ако не помагаат, барем да не одмагаат, изјави Филипче.

Пратеници од ВМРО-ДПМНЕ и нивни поддржувачи, денеска, трета сабота по ред, протестираа пред МЗ и повторно побараа оставка од министерот, а фрлија балон со вода кон зградата, за да, како што велат„ го измијат срамот, кога во Македонија умираат по 50 луѓе на ден Заев и Филипче летаат со хеликоптер“.

Процесот на масовна вакцинација ќе започне во понеделник во А1 Арената Борис Трајковски. Подготовките се во завршна фаза. Околу 4000 луѓе на ден во просек ќе се вакцинираат вкупно на сите пунктови низ државата, вклучувајќи го овој пункт за вакцинација.

Благодарност до менаџментот на Салата Борис Трајковски посебно на компанијата А1 коишто ги ставија на располагање сите капацитети во смисла на тоа да се обезбеди бесплатно пристап до интернет, технички ги опремија пунктовите со лаптопи, принтери итн. Апелирам граѓаните активно да се вклучат во процесот на вакцинација затоа што тоа е единствен начин да го победиме вирусот и да се вратиме на нашите нормални навики, рече Филипче!

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Здравје

Дијагнозата во типичните случаи лесно се поставува врз основа на податоците од родителот за тегобите на детето,прегледот на детето и рутински биохемиски иследувања(леукоцити и леукоцитна формула ).

Кога се зголемуваат лимфните жлезди?

Зголемени лимфни жлезди не се ретка појава. Може да бидат последица на обична настинка...