Мотивите за сега непознати

Објавил: admin@magazin | 12 април, 2019 13:35

Бомба фрлена врз куќата на бизнисмен во северно Косово

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Рачна бомба синоќа по полноќ е фрлена во близина на куќата на бизнисменот Раде Добриќ во Зубин Поток во северно Косово, при што е причинета материјална штета и нема повредени лица.

Настанот во изјава за косовските медиуми го потврди заменик-директорот на полицијата за северниот регион Бесим Хоти, кој информира дека од експлозијата на бомбата се оштетени неколку возила кои биле паркирани во близина и се искршени стаклата на неколку локали.

Хоти изјави дека сторителот или сторителите, како и мотивите за овој инцидент, за сега не се познати, како и дека полицијата работи на расветлување на случајот.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.