До изборот на нов градоначалник функцијата се доверува на вршител на должност кој се избира од редовите на советниците со просто мнозинство.

Објавил: Владо Марин | 21 август, 2020 6:32

Бочварски: Ова е за мене нов предизвик на кој ќе одговорам со сериозна, упорна, чесна и посветена работа

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

По кандидирањето на актуелниот штипски градоначалник Благој Бочварски за прв човек на министерството за транспорт и врски, во Штип, според Законот за локална самоуправа ќе се организираат вонредни избори.

– Благодарам за огромната одговорност која ми ја додели Претседателот на СДСМ Зоран Заев, потврдена вчера на органите и телата на партијата.

Ова е за мене нов предизвик на кој ќе одговорам со сериозна, упорна, чесна и посветена работа за унапредување и осовременување на инфраструктурата на територијата на цела земја, рече Бочватски.

Веројатно е дека во Штип ќе треба да има предвремени локални избори. Кој момент ќе се случат, тоа треба да го одреди Владата и ресорното министерство според сите овие преписки кои што имаат точно определни рокови до кога треба да се донесат овие одлуки и колку може да трае мандатот на ВД градоначалникот- изјави Благој Бочварски, градоначалник на Штип.

До изборот на нов градоначалник функцијата се доверува на вршител на должност кој се избира од редовите на советниците со просто мнозинство.

– Мојата поддршка ќе ја има секој кој ќе биде на функцијата ВД градоначалник, со цел градот да продолжи да се движи напред, а од позиција на Министер за транспорт и врски и те како можам да му помогнам на градот Штип- додадеБочварски.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.