Повторно објавување на политичките бомби со слаб одзив во јавноста

Објавил: Узунов Бобан | 7 април, 2019 17:46

Бранко Героски: Е драги мои глупи комуњари…

Фото/Текст извор: ©магазин

Партиските фанфари на изборната кампања по се изгледа не дозволија една битна вест како што е повторно објавување на прислушкувани материјали да го добие потребното медиумско внимание односно вториот серијал од објавувањето на политичките бомби. Најверојатно причините се во разликите,  на сцена се други режисери и актери кои очигледно не треба да го видат медиумското светло на изборната кампања. 

На 7 април одредени медиуми објавија дека Љупчо Палевски и уште две други лица, едно од Битола, а едно од Прилеп, на собир на отворено во Прилеп на разглас пуштале телефонски разговори во кои наводно зборуваат актуелни и поранешни функционери. 

Љупчо Палевски е поранешен функционер на СДСМ а денес најголемиот гласен противник на моменталната политика на СДСМ и Зоран Заев. Инаку, во август 2017, Палевски беше приведуван на распит во Специјалното јавно обвинителство (СЈО) за предистражна постапка која тогаш беше отворена. Тогаш немаше официјални информации за каков предмет беше повикан, но според она што неофицијално беше објавено, тој бил повикан во врска со објавувани прислушувани разговори.

Од настанот на социјалните мрежи имало и пренос во живо и според она што може да се слушне од тоа видео, за еден од разговорите кои биле пуштени, се тврди дека е од 2012 година, а наводно го водат поранешната и актуелниот министер за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска и Оливер Спасовски. 

Не беше објавена информација дали разговорите кои биле пуштани се необјавени досега.  

Тројцата  биле задржани на разговор во полициска станица, а информацијата ја потврдуваат и од МВР. 

 Познатиот новинар и главен уредник на дневниот весник Слободен печат и порталот плусинфо преку статус на својот фејсбук профил во врска со овој случај обвини дека Специјалното јавно обвинителство постигнало некаков договор со Љупчо Палевски да не се објавуваат повеќе прислукуваните разговори и дека Палевски истиот тој го прекршил. 

Е драги мои глупи комуњари… Сите вие кои со денови и со месеци ми се заканувате со „фарбање“, потсетувајќи и радувајќи се на оној чин на насилство од страна на овој опскурен лик врз мене. Насилство кое беше најавено, а по вина на министерот Оливер Спасовски – ничија друга! – не беше спречено.

Јас стоички го издржав дивеењето на овој насилник. Подоцна бев повикан во СЈО, каде што дадов директен доказ за моја пресретната електронска комуникација (и-мејл порака) со Црвенковски, пресретната токму од истиов злосторник. Самиот тој доказ беше доволен да се спроведе законот. А колку што сум информиран, такви докази имало многу – имено, докази дека ова лице поседува, а еве сега и јавно емитува, нелегално прислушувани материјали.

Но, драги мои глупи комуњари… Не мина долго време после мојот исказ во СЈО (сведочеле и други луѓе, ако не се лажам), а Палчо одеднаш се примири. Очигледно е дека постигнавте некаков блесав договор со него. Надевајќи се дека „бомбите“ веќе нема да рокаат. И дека нема да се дознае од кого типов ги добил бомбите.

Сега пак ви го учука! Така ви треба, драги мои глупчовци! И пак да си се договорите со него. Ништо да не му правите. За овој човек ни правото ни правдата не важат. Тој има силна заштита. Се знае од кого.

И секако, пак да ми се заканувате со „фарбање“. Само тој сега вас ве фарба и тоа – заслужено. бомбиСекоја чест! 

(фејсбук статус на Бранко Героски). 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести