По вестите дека парот се смирил и решиле да дадат уште една шанса на љубовта, по што  посвоиле дете, додје и веста која ги шокираше фановите дека парот планира свадба.

Објавил: Катерина Крстиќ | 19 февруари, 2020 16:16

БРЕД ПИТ И ЏЕНИФЕР АНИСТОН ПЛАНИРААТ СВАДБА ВО ЈУНИ- неговиот добар пријател откри се за нивната врска!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Познатиот холивудски шармер, познатиот актер Бред Пит и неговата поранешна сопруга, Џенифер Анистон, наводно, планираат свадба во месец јуни.

По вестите дека парот се смирил и решиле да дадат уште една шанса на љубовта, по што  посвоиле дете, додје и веста која ги шокираше фановите дека парот планира свадба.

По разводот, во медиумите се појавија шпекулации дека причината за нивната разделба била наводната врска на Бред со француската глумица Марион Котијар, со која тој глумел во филмот „Сојузници“, но таа остро ги негирала таквите наводи. 

Џенифер и Бред сè уште не ја потврдија оваа вест.

„Мислам дека таа никогаш не престана да го сака, иако тој и го скрши срцето кога ја остави за да се земе со  Анџелина Џоли. Требаше да помине долго време, но таа му прости на се. Тоа е главниот чекор ако сакате да продолжите понатаму. Џенифер и Бред Пит ја обновија својата романса и јас не сум ги видел толку среќни со години “, вели пријател близок на Бред Пит.

Пријателот на холивудскиот актер за странските медиуми изјавил дека Бред и Анџелина се во добри односи но таа лошо го поднела помирувањето на актерот со поранешната негова сопруга.

Веста за разводот на Бред и Анџелина одекна во медиумите уште во 2015 година, но тие дури минатата година успеаа да се разведат откако холивудскиот актер истакна дека има впечаток дека Анџелина намерно го одолговлекувала целиот процес за развод за што подолго да остане во „брачните води“.

Поради тоа Бред Пит минатата година наводно му наредил на својот адвокатски тим да изврши притисок на судот и да побара датум за конечен развод, а секое непочитување на терминот и понатамошно развлекување да резултира со парична казна.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.