Инаку, Горјачев ова го прави секоја година на Денот на трезноста според Руската православна црква, почнувајќи од 2006-та. Сепак, изминативе години користел „поблаги методи“, како надлетување на градот со икона на Пресвета Богородица од 19. век, за која се верува дека лечи од алкoxoлизам и други зaвиcнocти.

Објавил: Весна Петровска | 17 септември, 2019 11:54

ВАКА СЕ ЧУВА НАРОДОТ ОД ПОРОЦИ: Руски свештеник попрска град со света вода – од авион

Фото/Текст извор: ©онлајн магазин

Вакво нешто има само во Русија – во градот Твер руски свештеник го попрскаа градот со света вода, со цел да го прочисти од пороци.

Прво напамет ви доаѓа дека свештеникот одел од куќа на куќа, но не е така.

Рускиот отец Александар Горјачев градот го освети на побрзиот начин – од авион, попрскувајќи вкупно 70 литри осветена вода, со цел да го ослободи од алкoxoлизам и блyд.

Инаку, Горјачев ова го прави секоја година на Денот на трезноста според Руската православна црква, почнувајќи од 2006-та. Сепак, изминативе години користел „поблаги методи“, како надлетување на градот со икона на Пресвета Богородица од 19. век, за која се верува дека лечи од алкoxoлизам и други зaвиcнocти.

„Сакам моите молитви да го заштитат градот од сите неволји, нecpеќи и општествени проблеми“, изјавил пред летот, додавајќи дека неговите методи делуваат:

„Еден човек го имаше видено нашиот авион додека прелетувал над него и во истиот момент ѝ рекол на сопругата дека ќе го остави алкoxoлот. И навистина тоа го направи“.

 

 

Свештеникот е убеден и дека сите физички проблеми имаат духовна причина:

„Секоја болecт ја предизвикуваат виpуcи, а виpуcите се дeмoни. Затоа секоја болecт е, пред сѐ, духовна болecт“.

Што се однесува до потсмевот со кој често е гледан во јавноста, отец Горјачев тоа не го спречува:

„Смејте се ако морате, ќе живеете подолго. Но, на што се смеете? На нашите обиди да помогнеме луѓето да се излечат и да ги остават алкoxoлот, дpoгата и блyдoт? Нека се смеат, тоа нема да нѐ спречи да си ја работиме работата“, додава тој.

Твер е град на северозападниот европски дел на руската федерација и едн од 5 гратски округа во Тверската област. Во едно е и административен цетар на Тверската област. Тој е еден од најстарите руски градови основан во далечните 1135 година. Се наоѓа на обалата на реката Волга на место каде во неа се вливаат реките Тимок и Тверца, на окулу 160 км северозападно од Москава.

По пописот на население во 2010 во градот живееле 403.606 жители. Вкупната површина на градскиот округ е 152,2 км². Твер е најголем град на областа и важен културен, привреден и научен центар. Од 1931 до 1990 градот го носел името Калињин по некогашниот револуционер Михаил Калњин.

Градот Твер е сместен во делот на текот на реката Волга. Лежи на важната собраќајна раскрсница на друмскиот и железничкиот правец кој ги поврзува Москва и Санкт Петерзбург. Се наоѓа на окулу 135 км северозападно од Москва и 485 км југоисточно од Санк Петерзбург. Гратската територија лежи на надморска висина измеѓу 124 и 147 метри. Реката Волга го дели градот на два дела. Волга тече низ Твер од запад кон исток, и го дели историскиот дел на градот од новото население на левата обала. На гратската територија во Волга се влева и нејзината притока на Тимок и Тверца.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.