Во Грција со службено возило и службен шофер патувала ќерката на Велковски

Објавил: Мирко Бачиќ | 7 август, 2018 16:48

Велковски се обиде да “излаже” Спасовски побара оставка!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски ќе поднесе предлог за разрешување на директорот на Бирото за јавна безбедност Лазо Велковски по случајот со службениот “Ровер” на МВР во Грција.

“Во врска со случајот со користењето на службеното возило “Ренџ Ровер Дискавери Спорт” со регистарски таблички “СК-9559-АЛ” кое на ден 2 август 2018 година управувано од полициски службеник вработен во Одделот за заштита на определени личности и објекти патувало на територија на Република Грција а по спроведената истрага од страна на Одделот за внатрешна контрола и професионални стандарди е констатирано дека возилото било пратено со налог потпишан од директорот на јавна безбедност.

Во својот исказ директорот Велковски потенцирал дека ангажирањето на службеното возило го направил од крајна нужност поради тоа што подолго време постоеле закани кон него и неговото семејство а од причина што истиот ден тој бил работно ангажиран во врска со прославата на 2 август и заради нарушувањата на јавниот ред и мир во текот на прославата на Мечкин Камен како и настани кои претходеле проценил дека е небезбедно неговата ќерка да патува сама.

Заради што тој одлучил да го ангажира членот на своето обезбедување.

Во овој случај целосно не било спроведена процедурата за службено патување и покрај налогот за патување не е потпишано решение за службено патување. Заради ова министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски до Владата на Република Македонија ќе поднесе предлог за разрешување на директорот на Бирото за јавна безбедност Лазо Велковски.” – се наведува во соопштението на МВР.

Јавноста очекува по овој скандал во МВР оставка да си поднесе и министерот Спасовски затоа што пет дена не може да обезбеди информација што тоа прават неговите вработени.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести