Вељко за јавноста откри дека ваквата одлука ја донел поради ширење на вирусот, а искрено рече и дека стравува за здравјето на детето.

Објавил: Катерина Крстиќ | 17 март, 2020 12:01

Вељко Ражнатовиќ живее во страв за своето неродено дете!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Синот на познатата српска пејачка, Цеца Ражнатовиќ, младиот и талентиран боксер , Вељко сега кога е екот на новиот коронавирус, објави дека ги откажал сите претстојни натпревари.

Вељко за јавноста откри дека ваквата одлука ја донел поради ширење на вирусот, а искрено рече и дека стравува за здравјето на детето.

– Знаете, чекам дете и планирав да направам уште три натпревари додека не се случи тоа, затоа што после тоа нема да можам да тренирам толку многу. Но, ги откажавме сите натпревари – рече Вељко, кој потенцираше дека здравјето на сите граѓани доаѓа во прв план.

Вељко и неговата сопруга Богдана Ражнатовиќ на пролет ќе го добијат своето прво дете, кое е машко и решија да го крстат по покојниот татко на Вељко, Жељко Ражнатовиќ- Аркан.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.