Мерко во интервјуто напомена дека тој отишол на отворање на пицерија кај човек каде што утре ќе допринесе за Охрид да биде побогат.

Објавил: Рејхан Бајрами | 15 јули, 2019 11:32

(ВИДЕО)Мерко одлепи по Охриѓани: “Штом локалните власти не стопираат, пицеријата е легален објект„

Фото/Текст извор: ©онлине магазин

Градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко, во интервју дадено за новинарот Саше Ивановски, им се обрати на Охриѓани и порача дека самите треба да си го чистат својот двор.

Мерко во интервјуто напомена дека тој отишол на отворање на пицерија, кај човек каде што утре ќе допринесе за Охрид да биде побогат.Тој локал се градеше една година уназад, порача градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко.

–Охриѓани самите треба да си го чистат својот двор. Да не бараат ние да им го чистиме затоа што ние немаме ништо спротивно на закон направено во овој дел. Пак велам, сме за соработка и што треба да му помогнеме. Сум бил на отворање на 10-тина локали, да не речам и хотели и уште ќе одам и на ресторани. Што има врска, јас и колку тука што беа присутни. Јас отидов кај еден мој колега, тој е претседател на огранокот на ДУИ. Јас отидов кај мој член на партија. Јас отидов кај човек или бизнис каде што утре ќе допринесе за Охрид.

Тој локал, отворивме муабет, почнува да се гради, може и да се зборува за, да речеме, една година уназад.

Каде се бе локалните власти? Каде се државните власти? Штом не го запираш, тој е легален објект.

Мене не ми треба јас да се изјаснам за тоа, треба охриѓани да се изјаснат, кои беа во голем обем и беше добра атмосферата, рече Мерко.

Градоначалникот Рамиз Мерко им порача на граѓаните да се ослободат од секакви предрасуди.

–Не дека е Струга мултиетнички град дека има Албанци, дека има Турци, тука има и Македонци и не треба така да се постапува. И сево ова се прави и врз етничка база и се удира врз етничка база, порача Мерко.

Наместо да биде урната, дивоградбата кај охридскиот Чинар е новоотворена пицерија. Нефи Усеини освен советник од ДУИ во општина Охрид, стана и угостител – локалот „Луна“ почна со работа и покрај тоа што е дивоградба со решение за уривање.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести