Полицијата и итната помош пристигнале веднаш на самото место на несреќата.

Објавил: admin@magazin | 28 април, 2019 16:39

(ВИДЕО)Се запали патнички автобус на автопатот Белград-Ниш !

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

На автопатот Белград-Ниш, на околу 20 километри од Алексинац, вчера се запали автобус од Чачак, кој во потполност изгоре.

Спрема неофицијални информации во пожарот нема повредени патници. Возачите реагирале на време, го запреле автобусот и ги евакуирале сите патници кои се наоѓале во автобусот. Тие на време ги оддалечиле на безбедно место и не настанале никакви поголеми проблеми, пишува порталот Рефлектор.

Возачите реагираа на време и сите патници кои се наоѓаа во автобусот беа пренесени на безбедно место. Морам да кажам дека возачите постапија на најдобар професионален начин, сите бевме среќни и задоволни, раскажа за порталот еден од патниците кои се наоѓал во автобусот.

Полицијата и итната помош пристигнале веднаш на местото на несреќата.

Пожарникарите екипи реагираа брзо и пожарот во автобусот беше професионално изгаснат, рече патникот од автобусот. Тој напомена дека и покрај неочекуваниот пожар кој избил во автобусот сите патници се среќни, бидејќи нема повредени.

Пред неколку недели исто така изби пожар во туристички автобус на автопат во централната кинеска провинција Хунан  и настрадаа 26 лица, а уште 30 луѓе се повредени. Инцидентот се случил во градот Чангде во округот Ханшоу.
Во автобусот биле 56 лица, меѓу кои 53 патници, туристички водич, како и двајца возачи, кои моментално се приведени.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Инциденти

Меѓу демонстрантите имаше и попови, а на масовниот протест се извикуваа слогани и против Владата на Мицотакис, но и против новинарите.

Инциденти во Атина на протестот против вакцината и против задолжителната имунизација

Со инциденти меѓу полицијата и демонстрантите, со молотови коктели, солзавец и топови...