Се уште нема официјални информации за причината за експлозијата

Објавил: Узунов Бобан | 10 март, 2019 17:47

(видео) Автобус експлодирал во центарот на Стокхолм

Фото/Текст извор: ©магазин

Во центарот на Стокхолм денеска експлодирал автобус, засега не е познато дали има повредени во експлозијата, соопшти Службата за вонредни состојби. 

При составуавњето на листата најбезбедни земји во светот во предвид се земени и безбедноста во сопствениот дом, милитаризацијата, како и учеството во домашните и меѓународните конфилкти. Еве како изгледа листата на топ 15 најбезбедни држави во светот 1. Исланд 2. Данска 3. Австрија 4. Нов Зеланд 5.  Финска 7.  Канада 8. Јапонија 9. Австралија 10. Чешка 11. Португалија 12. Ирска 13. Шведска 14. Белгија 15. Словенија

Според индексот за глобален тероризам на Институтот за економија и мир, 97% од терористичките напади во последните 15 години се случиле во земји кои не му припаѓаат на Западот. Швевска е на 13-то место на листата на најбезбедни земји во светот

Во соопштението на пожарникарите се наведува дека експлозијата се случила во населбата Кларатунелн во центарот на Стокхолм и дека по експлозијата автобусот изгорел.

Столб од црн чад бил видлив од сите делови на шведската престолнина.

-Прво се слушна силна експлозија, потоа уште неколку помали, изјавил еден очевидец на инцидентот за локалните медиуми.

Веднаш по инцидентот шведската полиција ги блокирала населбите Кларатунелн и Тегебакен. 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести