Во пожарот што изби вчера околу 11 часот во јужниот дел на грчкиот остров Закинтос, материјална штета претрпеа неколку куќи, а две села и еден хотел беа превентивно евакуирани.

Објавил: Весна Петровска | 16 септември, 2019 10:58

ВИДЕО: ЗАКИНТОС ГОРИ – пожарот зафати КУЌИ

Фото/Текст извор: ©онлајн магазин

Големи планмени јазици беснеат во Грција, пожарникарите едвај се справуваат со пожарот.

Пожар кој избувна во шумите близу селата Кери и Агалас на грчкиот остров Закинтос и понатака е надвор од контрола, а пожарникарите се борат со огнената стихија цела ноќ.

Во пожарот што изби вчера околу 11 часот во јужниот дел на грчкиот остров Закинтос, материјална штета претрпеа неколку куќи, а две села и еден хотел беа превентивно евакуирани.

-Вчера беше многу опасна ситуацијата. Фронтот и понатаму е голем, над 10 километри, но во текот на ноќта имавме промена на правецот и сега ситуацијата е побезбедна, вели градоначалникот на Закинтос, Никитас Аретакис за грчкото радио „Тема“ и додава дека неколку домови претрпеа штета, а горат илјадници хектари шума.

Доцна синоќа на островот пристигнаа пожарникари од Солун, но и генералниот секретар за цивилна заштита, Никос Хараљас. Во справувањето со огнените јазици учествуваат 171 пожарникар со 52 возила, две специјални пожарникарски единици, девет пешадиски единици, два авиони и четири хеликоптери, а помагаат и 13 цистерни од општината.

Според грчката новинска агенција АНА-МПА, на плоштадот во едно од селата во близина на пожарот, кое што беше евакуирано вчера, се наоѓа координативниот центар, а генералниот секретар за цивилна заштита ги координира активностите на пожарникарите и инволвираните во гаснењето на пожарот.

Закинтос е остров во Грција и е трет по големина од седумте најголеми Јонски Острови. Лежи во јужниот дел на Јонското Море, кое е дел од Средоземното Море. Има површина од 410 km², а должината на крајбрежјето е околу 123 km. Островот е именуван по Закинтос, синот на легендарниот аркадиски шеф Дарданус. Името, како сите слични имиња кои завршуваат на -нтос, е предмикенско или пелазгиско по потекло. Закинтос има многу развиен туристички сектор.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.