Села со силни критики за власта

Објавил: Узунов Бобан | 27 јуни, 2019 16:31

(видео) Зијадин Села: Повторно сме во апсолутизам !

Фото/Текст извор: ©магазин

Повторно сме во момент на апсолутизам, нема контра власт. Судиите сваровски се таму, одлуките на судот се повторно мотивирани од политиката, ова не е демократија и не е слобода, изјави претседателот на Алијанса за Албанците и пратеник Зијадин Села на денешната собраниска седница за реконструкција на владата.

Села истакна дека во земјава нема слобода на изразување, новинари добиваат закани по животот и е горд што нема дадено придонес во изградбата на нов режим во кој денес се наоѓа државата.

-Основниот темел на една либерална демократија на поединецот. Знаеме каде сме се вратиле, се враќаме во античката атинска демократија каде што индивидуалната слобода не постоела Кога недостига таквата слобода се претвораме во мизерна држава убиец и декадент, потенцираше Села.

Тој нагласи дека во земјава има недостиг на реформи во правда, судство, а воедно не се исполнуваат ниту препораките на земјите на ЕУ кои ни дават добри причини заради кои не добиваме датум за почеток на преговори. 

Лидерот на Алијансата за Албанците, Зијадин Села, вели дека Заев си поигрува со интелигенцијата на граѓаните со изборот на Садула Дураку за министер во новото Министерство за политички систем. 

Каков кадар е Дураку? Ако беше толку искрен во намерите за реконструкција, требаше да го смени Бујар Османи за кого СЈО има оформено предмет, а тој го именува Дураку со изговор едно општество за сите. Она што досега го видовме од Дураку се само скандалозни изјави. Тој водеше две министерства и можеше да се докаже, но ништо, не ги видовме неговите капацитети. Тој му е пријател на Ахмети, се слушаат на телефон, а имаат и заеднички тајни за кои ние не знаеме“, вели Зијадин Села.

Села смета дека од Дураку како министер во новото министерство може да се очекува само непотизам, скандали и партиски вработувања.

„Помогнавме да се формира оваа Влада, но кога видовме дека продолжуваат со нов режим, излеговме. Немаме намера да се враќаме кај нив со никоја цена“, додава Села. 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести