Инаку Јанина е родена во градот кој од Чернобил е оддалечен нешто помалку од 300 километри,и раскажува дека жителите претрпеле огромни последици.

Објавил: Катерина Крстиќ | 31 мај, 2019 14:41

ВИДЕО: Минувавме низ хорор- морничава исповед на девојка која го преживеала Чернобил

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Јанина Скарлет е украинката која јавно реши да проговори за катастрофата во Чернобил.Таа имала само 3 години кога се случи експлозијата во Чернобил, а сега раскажува за тоа како по таа катастрофа има здравствени проблеми кои до ден денеска и го нарушуваат здравјето.

Поради таинственоста на властите во тогашниот Советски Сојуз, податоците за несреќата и последиците по животната околина и по здравјето на луѓето долго време не биле достапни. Извештајот подготвен од Меѓународната агенција за атомска енергија и Светската здравствена организација заклучува дека 56 лица загинале во самата несреќа, и проценува дека уште 9.000 други починале од рак директно предизвикан од радијацијата. Властите првобитно се обиделе да го сокријат инцидентот, но го признале дури откако зголемени нивоа на радиоактивно зрачење биле регистрирани и во Шведска.

Инаку Јанина е родена во градот кој од Чернобил е оддалечен нешто помалку од 300 километри,и раскажува дека жителите претрпеле огромни последици.

-Не се сеќавам добро на самиот настан, но знам дека сите околу мене беа збунети по експлозијата. Кога конечно дознавме што се случило, збунетоста прерасна во голема загриженост,  открила таа.

Дури по 2 недели дознавме што навистина се случило.

-Дури кога другите држави открија дека нешто не е во ред, владата не извести за ситуацијата и ни препорача третмани со јод за да се намали шансата за потенцијални здравствени компликации поради радијацијата. До тогаш веќе сите со недели бевме изложени на радијација. Излегувавме на отворено, јадевме овошје и пиевме вода, сето тоа не труеше. Шест месеци подоцна, луѓето почнаа да се разболуваат, а јас бев меѓу нив, опишуваа таа.

Како што вели Јанина последиците од радијацијата ги трпи и денес. Имунолошкиот систем ѝ е толку оштетен па и поради најмала настинка мора да оди во болница. Освен тоа има напади, мигрена и крварење од нос.

Јанина отворено зборува за пеколот кој го доживеала во детството. Таа вели дека нејзиното семејство по несреќата успеало да добие азил во Америка, па растела во Њујорк, но ни таму не и било лесно бидејќи врсниците ја исмејувале и и велеле дека е радиоактивна.

Јанина вели откако на 16 години, го гледала Икс-мен, филмот кој се занимава со мутанти, и се променил животот.

-Беше како да се гледам себе, сакав да им се приклучам. Тоа беше прв пат да сфатам дека не сум жртва, туку борец. После тоа се запишав на психологија, а денес сум психолог специјализиран во користење на суперхерои и други фиктивни ликови за да им помогнам на луѓето да се соочат со своите трауми – открила таа.

Признава дека уште и е тешко да зборува за тоа. Кога видела дека почнала да се емитува серија за чернобилската катастрофа, и тоа и паднало тешко.

-Беше тешко и болно да се гледа. Кога видов како во серијата некои луѓе не ја сфаќаат сериозноста на ситуацијата дури и кога ги гледаат луѓето како умираат од радијација, ме потсети на хорорите низ кои минуваа многу наши луѓе, рекла таа.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести