Претседателот на земјоделските колективи Кадрица на северот на Грција, Вагелис Бутас, рече дека земјоделците денеска го зголемија притисокот на владата.

Објавил: Рејхан Бајрами | 9 февруари, 2019 20:40

(видео) Околку 600 трактори ги блокираа главните патишта во Грција

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Околу 600 трактори денеска на пладне ги блокираа главните патишта во Грција, посебно на северот на земјата, поради цените на горива и со намерата да се зголеми притисокот на владата.

Земјоделската пратија испрати сериозна порака на владата, рече портпаролот на демонстрантите Костас Челас. Тој рече дека демонстрантите бараат да се сретнат со вицепремиерот Џанис Драгасакис и да му објаснат со какви проблеми се соочуваат.

Претседателот на земјоделските колективи Кадрица на северот на Грција, Вагелис Бутас, рече дека земјоделците денеска го зголемија притисокот на владата.

Околу 600 трактори денеска блокираа повеќе патишта, поради цените на горивата и против зголемувањето на социјалните давачки во Грција. Еден од главните автопати, помеѓу Грција и Солун беше блокиран 2 часа.

Министерот за земјоделство Стравос Арачовис, рече дека дијалогот е секогаш отворен и да ниедна влада не е затворена за дијалог со земјоделците. Тој изјави дека се сретнал со синдикалните претставници 14 декември да разговара за нивните желби.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести