Македонија со гол во последната секунда го победи Исланд

Објавил: Узунов Бобан | 11 април, 2019 8:42

(видео) Победничкиот гол на Манасков кој ги смрзна Исланѓаните

Фото/Текст извор: ©магазин

Македонските ракометари, како и многупати досега приредија нова инфаркт завршница и со гол по последната секунда славеа прва гостинска победа против Исланд (33-34), во дебито на Данило Брестовац.

Последната минута на вчерашниот натпревар беше целосно драматична. И двата тима имаа напад за победа, но посреќни на крајот беа нашите ракометари. 

Многу генерации македонски ракометари не победиле на теренот на Исланд во повеќе од две децении наназад. Сепак,  малкумина веруваа новата Македонија на Брестовац се надмина себеси и покажа класа и карактер која ни дава верба по бледите октомвриски натпревари со Турција и Грција.

Во последните десет секунди „рибарите“ тргнаа кон нашиот гол, но направија пробивање, а веднаш потоа Магнусон ја фрли топката кон гледалиштето, што значеше и пенал за Македонија. Густафсон му го одбрани седмерецот на Дејан Манасков, но одбиената топка повторно дојде во неговите раце и рутински ја смести во голот на Исланѓаните. 

По триумфот со голот на Манасков во последната секунда, Арнор Гунарсон рече:

„Почнавме добро во првите десетина минути, но неприфатливо е да примите 34 гола на домашен терен. Нивниот кружен напаѓач има околу 140 килограми и кога ќе ја прими топката на линијата многу тешко е да се игра против него. Нашата лоша одбрана нè уби вечерва. Ова беше луд натпревар. Одиме во Скопје по бодови, знаеме дека ќе биде тешко, но одиме таму да победиме“.

Многу генерации македонски ракометари не победиле на теренот на Исланд во повеќе од две децении наназад. Сепак,  малкумина веруваа новата Македонија на Брестовац се надмина себеси и покажа класа и карактер која ни дава верба по бледите октомвриски натпревари со Турција и Грција. 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести