Уште пред да почне „Прајдот“, полицајци упаднаа во повеќе кафулиња во квартот Џигангир и приведуваа ЛГБТ-активисти и новинари. Според невладините организации, уапсени се најмалку 152-ца луѓе.

Објавил: Едмонд Бекири | 27 јуни, 2022 5:43

ВИДЕО: Полицијата го растури „Прајдот“ во Истанбул, уапси над 150 учесници

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Турската полиција вчера насилно интервенираше на „Парадата на гордоста“ во Истанбул и уапси над 150 луѓе, вклучително и фоторепортерот на агенцијата Франс прес, јавија светските медиуми.

Како и години наназад, Парадата на гордоста беше официјално забранета од гувернерот на градот, но стотици учесници со знамиња во боите на виножитото сепак се собраа на улиците околу плоштадот Таксим, кој е целосно затворен за јавноста.

По спектакуларната поворка во 2014 година во Истанбул, на која присуствуваа повеќе од 100.000 учесници, турските власти од година во година ја забрануваат Парадата на гордоста, официјално од безбедносни причини.

ЛГБТ-здруженијата ги обвинуваат властите дека свесно и намерно водат кампања против оваа малцинска заедница, пишува Слободен печат!

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.