Концесионерот ќе инкасира 220 милиони евра за 15 години, само од скопските клиники!

Објавил: Данаил Михајловски | 26 ноември, 2019 13:16

ВИДЕО: Филипче и Дончев ќе ја дадат стерилизацијата на 15 годишна прескапа концесија?!

Фото/Текст извор: ©магазин

До редакцијата на Магазин стигна дојава за подготовката на “штетен и прескап“ договор за јавно-приватно партнерство на стерилизиацијата, кој веќе министерот Филипче и директорот на ФЗОМ Ден Дончев го спремаат за потпишување со албанската фирма Евита, а со кој се предвидува енормен скок на цените за оваа услуга. Цената на стерилизацијата на еден сет на инструменти потребни за хируршка интервенција која сега изнесува 6,8 евра, доколку се потпише договорот ќе рипне на фантастични 150 евра. Според информациите од клиниките, за една операција во просек се користат по 5 стерилизирани сетови, што значи дека трошокот за стерилизирани инструменти од денешните 34 евра по операција, ќе поскапи на 750 евра по операција. Тоа ќе мора некој да го плати, болниците преку својот буџет, т.е. граѓаните како даночни обврзници кои го полнат буџетот. 

Во дојавата до Магазин се отвора и сомнежот за брзањето на министерот Филипче и директорот Ден Дончев да го објават тендерот за стерилизација на само еден ден пред стапувањето на сила на новиот закон за јавни набавки и брзањето пред изборите да се најде приватна фирма за милионски поскапи суми за концесија со обврзувачки клаузули што ќе му трае до 2034 година. Изворот на Магазин тврди дека дел од директорите на хируршките клиники во Скопје посочиле на проблемите со коишто ќе се соочат кога ќе почнат да пристигаат астрономските цени и фактури од од овој бизнис проект, кој граѓаните и пациентите може да ги чини многу скапо. Ваквото јавно-приватно партнерство во здравствениот сектор повеќе личи на приватизација на дел од здравствените услуги за кои сите граѓани плаќаат здравствено осигурување преку своите даноци. Потпишување на ваков ексклузивен договор ќе значи монополизација на услугата за стерилизација, потрошен материјал и инструменти за период од 15 години, што е спротивно на ЕУ-регулативите за здравство. Но, најголемиот ризик е за ниските буџети на болниците кои со прескапите давачки и фактури можат да бидат испразнети од мистериозни странски компании.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Скандал

„Фокус“ дознава дека блиска роднина на Арсовска, уште пред да „пукне“ скандалот, со Турците преговарала за милионскиот тендер на „Водовод и канализација“, објавува весникот.

Фокус открива скандалозни тендерски контакти на близок човек на Арсовска со турски понудувач за проектот од 137 милиони евра

Во текст со наслов „МИЛИОНСКИ ТЕНДЕР” неделникот Фокус открива скандалозни информации...

Хаос и тензии во Собранието кои кулминираа со физичка пресметка. Ескалираше кавгата меѓу пратениците од власта и нивните колеги од ВМРО-ДПМНЕ и Алијанса на Албанците кои сакаат да спречат да се донесе законско решение да не се парализира работата на судовите, Министерството за труд предлага продолжување на нивниот работен век до навршувањето 67 години со што би се продолжил работниот ангажман на 60 судии и 13 обвинители кои се на чекор до пензија.

(ВИДЕО) Милошоски повеќе пати удрен од Адеми, а погоден и со пластично шише вода фрлено кон него

Невиден скандал! Хаос и тензии во Собранието кои кулминираа со физичка пресметка. Ескалираше...

Овој инцидент докажува дека земјите членки на ЕУ мораат да ја заштитат и примат Македонија во своето заедништво имајќи ги предвид непријателските намери на соседните држави.

ОМД побара Рама да се извини за таканаречената шега „Иднaта Западна Бугарија“

Обединетата македонска дијаспора (ОМД) – водечки глас за Македонците надвор од Македонија...