За време на овој викенд, времето во државава ќе биде претежно облачно со повремени локални врнежи од дожд, на планините врнежите ќе бидат од снег.

Објавил: Владо Марин | 4 април, 2020 10:26

ВИКЕНД МЕТЕО: Врнежи од дожд, од понеделник промена на времето!

Фото/Текст извор: ©Magazin

За време на овој викенд, времето во државава ќе биде претежно облачно со повремени локални врнежи од дожд, на планините врнежите ќе бидат од снег.

Ќе дува умерен ветер од северен и од североисточен правец и истиот повремено ќе засилува.

Максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 6 до 12 денес и од 7 до 14 утре.

Во Скопје и околината времето ќе биде претежно облачно а ќе има услови и за повремени но послаби врнежи од дожд. Максималната дневна температура ќе се искачи до околу 10 степени денес и околу 12 степени утре.

Потоа од понеделник се очекува значително постабилно време и без врнежи, максималните дневни температури ќе бележат тенденција на постепен пораст. Наутро пак истите ќе бидат пониски и понатаму на некои места ќе се спуштаат под нулата.

Подготви: Славчо Попоски

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Време

Главната причина за кавгата меѓу актуелниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и неговиот претходник Никола Груевски е во личните суети, а не во политичките разлики поврзани со уставните измени, смета првиот лидер на партијата и експремиер Љубчо Георгиевски.

Георгиевски: Груевски претходно ги сруши измените на КЗ што сега му се потребни и за кои плаче

Прашан во интервју за емисијата „Трилинг“ дали владејачката гарнитура е подготвена...