Исто така во понеделник и во вторник ќе дува умерен, повремено засилен ветер, во понеделник од јужен а во вторник од западен правец.

Објавил: Владо Марин | 9 мај, 2020 9:32

ВИКЕНД МЕТЕО: Летни температури во земјава!

Фото/Текст извор: ©Магазин

За време на овој викенд нашата територија ќе се наоѓа под влијание на топла воздушна маса која продира од југ.

Времето ќе биде сончево и топло, повремено со умерена облачност. Локално на моменти ќе има и повеќе облачност а особено утре ќе има услови за сосема ретка појава на попладневен краткотраен локален дожд.

Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од јужен правец, максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 20 до 26 степени.

Во Скопје и околината времето ќе биде сончево и топло, повремено со умерена облачност а ќе дува и слаб до умерен ветер од јужен правец. Максималната дневна температура за време на овој викенд во Скопје се очекува да се искачи до околу 24 степени.

Потоа и во деновите од следната недела ќе имаме претежно стабилно, суво и уште потопло време. Тогаш максималните дневни температури во најтоплите предели од државава се очекува да се искачат до 30 степени.

Исто така во понеделник и во вторник ќе дува умерен, повремено засилен ветер, во понеделник од јужен а во вторник од западен правец.

Подготви: Славчо Попоски

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Време

Главната причина за кавгата меѓу актуелниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и неговиот претходник Никола Груевски е во личните суети, а не во политичките разлики поврзани со уставните измени, смета првиот лидер на партијата и експремиер Љубчо Георгиевски.

Георгиевски: Груевски претходно ги сруши измените на КЗ што сега му се потребни и за кои плаче

Прашан во интервју за емисијата „Трилинг“ дали владејачката гарнитура е подготвена...