Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец и истиот особено утре ќе засилува, особено на запад.

Објавил: Владо Марин | 16 мај, 2020 9:21

ВИКЕНД МЕТЕО: Продолжуваат Африкански температури во Македонија!

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

За време на овој викенд, и понатаму ќе бидеме под влијание на многу топлата воздушна маса која продира од северните предели на Африка.

Времето ќе биде умерено облачно и многу топло со сончеви периоди, локално ќе има и нешто повеќе облачност, а утре попладне ќе има услови за изолирана појава на краткотраен пороен дожд и грмежи.

Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец и истиот особено утре ќе засилува, особено на запад.

Максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 28 до 35 степени денес, додека утре максимумот на температурите ќе се искачува во интервалот од 27 до 33 степени. Во Скопје максимумот на температурата се очекува да се искачи до околу 31 степен.
 
На почетокот од следната недела во попладневните и во вечерните часови ќе има услови за изолиран развој на нестабилна облачност проследена со краткотраен пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за појава на град.

НАПОМЕНА: Поради транспортот на Сахарската прашина и песок кон нашата држава, и понатаму атмосферата ќе биде заматена, а времето мачно и спарно.

Исто така, според моменталните анализи со кој располагаме, позначителен пад на максималните дневни температури се очекува од среда доцна попладне и навечер.

Подготви: Славчо Попоски

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Време

Главната причина за кавгата меѓу актуелниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и неговиот претходник Никола Груевски е во личните суети, а не во политичките разлики поврзани со уставните измени, смета првиот лидер на партијата и експремиер Љубчо Георгиевски.

Георгиевски: Груевски претходно ги сруши измените на КЗ што сега му се потребни и за кои плаче

Прашан во интервју за емисијата „Трилинг“ дали владејачката гарнитура е подготвена...