Авионот на компанијата „Аерофлот“ летал од Москва за Анапа, а руските власти отворила истрага за инцидентот.

Објавил: Рејхан Бајрами | 24 ноември, 2019 12:54

ВИСТИНСКА ДРАМА: Патнички авион принудно слетал во Ростов, копилотот починал

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Патнички авион денеска принудно слета на аеродромот во Ростов на Дон, на југот од Русија, откако за време на летот му се влошила здравствената состојба на копилотот, кој потоа и починал за време на слетувањето, информира регионалната итна служба.

Авионот на компанијата „Аерофлот“ летал на релацијаМосква за Анапа, а руските власти отворила истрага за инцидентот.

„Авионот полетал од московскиот аеродром Шереметјево, а околу 10 часот по локално време му се слошило на вториот пилот. Веднаш било побарано принудно слетување, а копилотот (49) починал во текот на слетувањето, наведе службата за руската агенција Тасс.

Неодамна авион на истата руска компанија „Аерофлот“, кој летал на релација Москва – Париз, детално беше проверен на аеродромот „Шарл де Гол“ во Париз, откако беше добиена анонимна закана, соопшти портпаролот на францускиот аеродром.

– Полицијата прими анонимна закана во врска со неколку авиони од Русија. Повеќето авиони се прегледани и не е најден никаков проблем. Освен авионите на „Аерофлот“, ќе биде прегледан и еден на „Ер Франс“, кој од Москва треба да се слета вечерва, рече портпаролот.

Тој не изјави за каква закана станува збор, но рече дека полицијата го пребарала багажот во потрага по опасни предмети или експлозив.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.